fbpx

м-р Јасна Тоновска
Асистент

Катедра - Економија

jasna.tonovska@eccf.ukim.edu.mk

Приемно време:
Понеделник: 11 -13h
Петок: 11 - 13h

Јасна Тоновска е родена во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје на департманот по финансиски менаџмент. Постдипломските студии на студиумот по Монетарна економија, финансии и банкарство ги заокружува со одбраната на магистерската теза со наслов „Евро – ефекти и предизвици: Случајот на Р. Македонија“. Во текот на своето студирање се стекнува со признанија и стипендии од страна на Економскиот факултет, Министерството за образование и наука и меѓународни организации и компании. Има остварено повеќе стручни и научни престои во Австрија, САД, Швајцарија и Франција, во организација на реномирани меѓународни организации и институции. Во моментот е запишана на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на студиската програма по Економски науки, каде што изработува дисертација со осврт на меѓународните текови на капитал.

Има осумгодишно работно искуство како аналитичар во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во рамки на Народната банка на Република Северна Македонија. Нејзиниот работен ангажман вклучува учество во редовните макроекономски проекции на билансот на плаќања, анализа на движењата и оценка на одржливоста на одделни показатели во екстерниот сектор на македонската економија. Од 2021 година е избрана за асистент во научната област Меѓународна економија на Економскиот факултет во Скопје, на Катедрата по надворешна трговија.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.