fbpx

д-р Александра Јанеска-Илиев

Вонреден професор

Катедра за Менаџмент

aleksandra.janeska-iliev@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-906

Приемно време:

Понеделник 12:00:00 – 14:00:00

 

Александра Јанеска-Илиев, студирала на Економскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на департманот менаџмент во периодот 2002 до 2005. Во 2005 година, по успешното завршување на третата година од студиите го продолжува своето образование на Универзитетот за професионална едукација “Фонтис“ во Ајндховен, Холандија, каде дипломирала во јануари 2007 година. Магистрирала на департманот МБА Менаџмент во 2008 на Економскиот факултет, а Докторската дисертација на тема ,,Деловни стратегии за развој на малите бизниси” успешно ја одбранила на Економскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на 13.2.2015 година со што се стекнала со научен степен доктор на економски науки. После дипломирањето своите апликативни и стручни искуства поврзани со бизнис-секторот ги здобива преку различни пракси и ангажмани во реномирани компании. Па така речиси пет години била дел од странска консултанска компанија што дополнително ѝ овозможило да се надгради и го зголеми искуството во делот на аплицирање проблематиката поврзана со различните аспекти на бизнисот и менаџментот.

Ангажирана е како асистент на поголем број предмети од областа на менаџментот на Економскиот факултет во Скопје од 2012 година. Во 2015 е избрана за доцент на предметот организациско однесување. Главни области на истражувачки интерес се поврзани со организациско однесување и менаџментот на малиот бизнис ,при што посебно ја интересираат когнититивните аспекти на претприемништвото како што се претприемничкото образование, претприемачките намери, претприемачкото размислување.

Д-р Александра Јанеска-Илиев била учесник на домашни и меѓународни проекти, а партиципирала на стручни собири од различен тип. Посебно може да се истакне учеството на сесијата “Understanding the Inclusive Organization”, Getting Down to the-Bottom-Up: Researching Ecosystems as if Entrepreneurs Mattered, АОМ 2019 презентација и панел дискусија со повеќе од 15 релевантни експерти од областа на претприемачките екосистеми. Д-р Александра Јанеска-Илиев е ментор на стручни трудови, дипломски работи и магистерски трудови.

Предмет Насоки Степен
Организациско однесување Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Менаџмент на мал бизнис Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Менаџмент на мал бизнис МБА – Менаџмент, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) Втор циклус студии
Финансирање на претприемачки бизниси Корпоративен финансиски менаџмент Втор циклус студии
  1. Entrepreneurial intention and effective integration of young people with lower economics status in inclusive business models”, Janeska-Iliev,A., Debarliev, S.(2020), Management Research and Practice, Volume 12, Issue 1
  2. “HR branding and the potential value: Empirical evidence and practical implications”, Debarliev, S., Brzovska, E. and Janeska–Iliev, A. (2019), Dynamic Relationship Management Journal, Vol.8, No 1, pp.41-53 doi:10.17708/DRMJ.2019.v08n01a04
  3. “Small business growth in the context of tourism”, Drakulevski, L. and Janeska-Iliev, A., (2018), The Proceedings of the Faculty of Economics in East Sarajevo – Journal of Economics and Business, Vol.1,No.15, pp.63-71.
  4. “A Story оn Leadership Styles from Macedonian Companies: Components of Transformational vs. Transactional Leadership Influenced by Aspects of Emotional Intelligence”, Drakulevski, L., Debarliev, S., Janeska-Iliev, A. and Taneva-Veshovska, A., (2017), Ecoforum Journal, Vol. 6, Issue 2(11), pp.1-12.
  5. “Influence of Market Values of Enterprise on Objectivity of the Altman Z-Model in the Period 2006-2012: Case of the Republic of Macedonia and Republic of Serbia”, Postolov, K., Milenkovic, , Milenkovic, D. and Iliev, A.J., (2016), Journal of Central Banking Theory and Practice, Vol.5, No.3, pp.47-59. =
  6. “The impact of small and medium sized enterprises in the development of health tourism in Macedonia”, Magdinceva Sopova, M., Postolov, K., Janeska-Iliev, A. and Josheski, D., 2017. Economic outlook –Vol.19, No.1, pp.69-79.
  7. ”Establishing Balance between Professional and Private Life Of Generation Z”,  Ivanovska L., P., Kiril, P., Iliev, J.A. and Magdincheva Shopova, M., (2017), Research In Physical Education, Sport & Health, Vol.6, No.1, pp.3-10.
  8. “E-learning in the hands of generation Y and Z” Postolov, K., Magdinceva Sopova, M., Janeska Iliev, A. (2017), Poslovna izvrsnost, Vol.11, No.2, pp.107-119.
  9. “Antecedents of entrepreneurial intention: Evidence from developing country”, Debarliev, S., Janeska-Iliev, A., Bozinovska, T. and Ilieva, V. (2015), Business and Economic Horizons, Vol.11, Issue 3.
  10. “Factors affecting growth of small business: The case of a developing country having experienced transition”, Janeska-Iliev, A. and Debarliev, S. (2015), European Scientific Journal, Vol.11, No.28, pp.1-28.
  11. “Generational differences in achieving work-life balance”, Iliev, A.J., Postolov, K. and Sopova, M.M.,(2018)  MEST Journal Vol.7, pp.7-15.
  12. “Карактеристики на планирањето кај малите бизниси во Република Македонија”, Јанеска-Илиев, А. (2015), Економски факултет, Годишник на Економскиот факултет во Скопје, том 50, Скопје, стр.139-157.
  13. “Импликациите на трансакционото и трансформационото лидерство во компаниите во Република Македонија”, Јанеска-Илиев, А., (2016), Годишник на Економски факултет –Скопје том 51, Скопје.
  14. “Влијанието на емоционалната интелигенција врз лидерството во македонските компании, Јанеска-Илиев (2017), Годишник на Економски факултет –Скопје том 52, Скопје.
  15. “Како едукацијата и работното искуство влијаат на претприемачките намери на студентите?”, Јанеска–Илиев, А., (2018), Годишник на Економски факултет- Скопје, Економски факултет-Скопје, том 53,Скопје.
  16. “Фузијата и реструктурирањето – можни алтернативни механизми за подобро распоредување на здравствените ресурси”, Јанеска –Илиев , А., Блажески, Д, (2019), Годишник на Економски факултет- Скопје, Економски факултет-Скопје, том 54, Скопје.

Проекти:

  • GLOBE2020 (The global leadership and organizational behavior effectiveness project) CCI(Country co-investigator);
  • Joint Program for Sustainability Leadership, одобрен во рамки на програмата Erasmus+, потпрограма КА2 – Cooperation for Innovation and the Exchange of Good Practices: Strategic partnerships in higher education, 2016;
  • “Quality Management and Competitiveness”, во соработка со Јапонска Агенција за меѓународна соработка (JICA), Универзитет од Нагасаки, Јапонија, Универзитетот за национално и светско стопанство (UNWE) во Софија, Бугарија и Економскиот факултет во Скопје, УКИМ;
  • “Organizing acceleration for high-potential innovative SME’s”,“Gazelle”-(Interreg v-b) balkan mediterranean 2014-2020;

 

Експертски активности:

Национален експертски тим во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации – Развој и дизајн на концепцијата за четиригодишно техничко образование, 2019-економија и право;

Национален експертски тим во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации – Развој и дизајн на концепцијата за четиригодишно техничко образование, 2019-технички науки;

Комисија за верификација на програма (2017) – развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженерите, при Јавна Установа Центар за образование на возрасни – Скопје.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.