МБА во Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
Е-бизнис менаџмент – едногодишни
Е-бизнис менаџмент – двогодишни
Економски развој и меѓународни финансии
Корпоративен финансиски менаџмент
Монетарна економија,финансии и банкарство – едногодишни
Монетарна економија,финансии и банкарство – двогодишни
Статистички методи за бизнис и економија – едногодишни
Статистички методи за бизнис и економија – двогодишни
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси – едногодишни
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси – двогодишни
Сметководство и ревизија – едногодишни
Сметководство и ревизија – двогодишни
Катедра за Економија
daniela.mamucevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-866
Приемно време:
Вторник 10:00:00 – 12:00:00
Среда 10:00:00 – 12:00:00
Четврток 10:00:00 – 12:00:00
д-р Даниела Мамучевска родена е во Скопје. Во студиската 1996/97 година се запишува на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ и дипломира во септември 2000 година со просечна оценка 9.30 на отсекот Финансии и банкарство. Во јануари 2007 година ги завршува постдипломските студии од областа на Монетраната економија при Економскиот факултет во Скопје и се стекнува со научното звање магистер по економски науки од областа на монетарната економија. Во периодот од септември 2007 до септември 2008 година ги завршува вторите постдипломски студии од областа на Економијата на Факултетот за економија и бизнис при РУГ Универзитетот во Гронинген, Холандија. Докторската дисертација на тема „Модели на регулација на монополското однесување на пазарот“ успешно ја одбранила на 24.04.2013 година на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ , со што се стекнала со научен степен доктор по економски науки.
Д-р Даниела Мамучевска, досега пред научната и стручната јавност се презентирала со повеќе од 30 труда објавени во зборници од стручни конференции, монографии и стручни списанија. Понатаму учествувала на повеќе од 20 конференции, симпозиуми работилници и научни трибини. Досега д-р Мамучевска реализирала неколку студиски пресоти во странство (во Будимпешта, Холандија и Франција), а исто така учествувала и во реализација на повеќе домашни и меѓународни проекти.
Д-р Даниела Мамучевска досега била добитник на три стипендии, од кои две на Владата на Р. Македонија како студент на додипломски и на постдипломски студии и една на холандската влада како стипендист на NUFFIC програмата. Денес таа е член на повеќе алумни мрежи и асоцијации.
Нејзиниот научен и истражувачки интерес е насочен кон следниве области: микроекономија макроекономија, политиката за заштита на конкуренцијата, регулација на монополизирани дејности, политика на цени и ценовни стратегии, индустриска политика и организација.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Микроекономија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Маркетинг политика на цени | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
СПОЈУВАЊА И АКВИЗИЦИИ ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани