fbpx

д-р Катерина Тошевска Трпчевска

Вонреден професор

Катедра за Надворешна трговија

katerina.tosevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-889

Приемно време:

Понеделник 10:00 – 12:00

Среда 10:00 – 12:00

Катерина Тошевска-Трпчевска дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на департманот Надворешна трговија. Магистрирала на истиот факултет на тема „Либерализација на меѓународната трговска размена меѓу Европската Унија и СТО“, а во ноември 2012 година ја одбранила  докторската дисертација на тема „Олеснување на трговијата во современиот мултилатерален трговски систем“. 

              За време на нејзината академска кариера напишала околу четириесет стучни и научни трудови објавени во домашни и странски научни списанија, како и во прегледи на трудови на домашни и меѓународни конференции. Учествувала во повеќе од осумдесет домашни и меѓународни конференции, семинари, работилници, и има реализирано четири студиски престои во странство: на Универзитетот за применети науки во Хамбург, Германија, на Универзитетот Политехник во Порто, Школата за сметководство и бизнис (Porto Accounting and Business School – ISCAP), на Универзитетот Џорџ Вашингтон (George Washington University) во Вашингтон, САД, и на Универзитетот Универсидаде Нова де Лизбоа (Universidade Nova de Lisboa) во Лисабон, Португалија.

              Катерина Тошевска-Трпчевска активно учествувала во два меѓународни проекта и два национални научно-истражувачки проекти. Едниот е Темпус проект JEP_17013-2002 „Континуирано образование за европски прашања: Основање на Тренинг центар за Европска интеграција“ на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, најнапред како слушател, а потоа како тренер. Вториот меѓународен проект е АСО проект „Улогата на образованието во должината на траењето на невработеноста“ во организација на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот во Марибор, Словенија, како координатор и учесник. Од 2010 година е активен учесник на националниот проект одобрен од Министерството за образование на Република Македонија на тема: „Анализа на економската одржливост на концептот овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија според правилата на Светската трговска организација (СТО)“. Во 2016 година била секретар на научно-истражувачкиот проект на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со наслов „Студија за мерење на времето за царинење и пропуштање на стоките“.  

            Во 2017 година е назначена за раководител на постдипломските Европски студии, а од 2004 до 2019 година таа ја остварува функцијата секретар на катедрата по Надворешна трговија на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2019 година е назначена за раководител на Катедрата по Надворешна трговија. Учествувала во работата на повеќе комисии на факултетот: Комисија за подготовка и комплетирање на документи за добивање на ЕКТС лиценца (ECTS label), повеќе комисии за запишување студенти на прв циклус студии, повеќе комисии за промотивни активности на факултетот, Комисија за јавни набавки, повеќе комисии за изготвување кратки содржини по нови предметни програми, Комисија за проценка на вредноста на книгите во библиотеката на Економскиот факултет, Комисија за изработка на Упатство за изработка на стручни трудови од страна на студентите на Економскиот факултет, Комисија за изготвување преглед за учество на наставниците и соработниците на Економскиот факултет во Скопје на меѓународни собири (конгреси, конференции, семинари и др.) на англиски јазик. Во 2010 година е определена за ЕКТС координатор на студиската програма по Надворешна трговија, а била дел и од работниот тим за изготвување supplement диплома за департманот Надворешна трговија.

Предмет

Насоки

Степен

Меѓународни трговски трансакции

Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис

Прв циклус студии

Мултилатерален трговски систем

Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис

Прв циклус студии

Мултилатерална трговска регулатива

Надворешна трговија

Прв циклус студии

Регионални трговски договори и СТО

Европски студии

Втор циклус студии

 

  1. “Analysis of the Impact of Economic Factors upon the FDI Inflow in SEE and CEE Countries”, Katerina Toshevska-Trpchevska, Irena Kikerkova, Elena Makrevska Disoska and Elena Naumovska, OPTIMUM Economic Studies, No. 4(98) (2019), Faculty of Economics and Management, University of Bialystok, pp. 3-15, DOI: 10.15290/oes.2019.04.98.01
  2. „Предизвици на мултилатералниот трговски систем“, Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 54 (2019), Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2019, стр. 263-275.
  3. “Innovation performance of European SMEs: determined by regional or firm specific factors?, Elena Makrevska Disoska, Katerina Toshevska-Trpchevska, in International Journal Business Innovation and Research, Vol. 20, No.2, pp.253-265, 2019.
  4. “The Impact of a Crisis on the Innovation Systems in Europe: Evidence from the CIS10 Innovation Survey”, Katerina Toshevska-Trpchevska, Elena Makrevska Disoska, Dragan Tevdovski and Viktor Stojkoski, in European Review, 2019,  DOI: https://doi.org/10.1017/S1062798719000218
  5. “Towards the Application of Blockchain Technology for Improving Trade Facilitation in CEFTA 2006”, Martin Mihajlov, Katerina Toshevska-Trpchevska, Irena Kikerkova in Ekonomska misao i praksa, No.1, 2019, Sveuciliste u Dubrovniku, pp.209-222
  6. “Enhancing Regional Cooperation through Customs Digitalization in CEFTA- 2006”, Ljuben Kocev, Irena Kikerkova, Katerina Toshevska-Trpchevska, Elena Makrevska Disoska in Proceedings of FEB Zagreb 10th International Odyssey Conference on Economics and Business, ISSN 2671-132X, Vol. 1, No. 1, Faculty of Economics and Business, University of Zagreb, Zagreb, 2019, pp. 208-216.
  7. “CEFTA-2006 Towards Creation of a Regional Economic Area”, Irena Kikerkova, Katerina Toshevska-Trpchevska, Elena Makrevska Disoska, review article in HORIZONS, International Scientific Journal, Series A, Social Sciences and Humanities, Vol. 23, December 2018, “St. Kliment Ohridski” University – Bitola, Bitola, pp.283-304. DOI 10.20544/HORIZONS.A.23.2.18.P20, 339.5.012.42(4-19:497-15).
  8. „Согледување на функционирањето на Едношалтерскиот систем на Царинската управа на РМ (ЕКСИМ-EXIM)“, Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 53 (2018), Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2018, стр. 485-499.
  9. Elena Makrevska Disoska, Katerina Toshevska-Trpchevska, Irena Kikerkova and Elena Naumovska (2018): “Panel data analysis of the impact of economic and institutional factors upоn the FDI inflow in SEE countries”, Review of Socio-Economic Perspectives 3(2): 17-29.
  10. “Vector Error Correction Model on FDI and their Impact in the Republic of Macedonia”, Irena Kikerkova, Elena Naumovska, Katerina Toshevska-Trpchevska, Elena Makrevska Disoska in Zagreb International Review of Economics and Business, Vol. 21, No.2, Faculty of Economics and Business, University of Zagreb and De Gruyter Open, ISSN: 1331-5609, UDC: 33+65, DOI: 10.2478/zireb-2018-0012, pp.19-35, November, 2018
  11. “Evidence of Innovation Performance in the period of economic recovery in Europe”, Elena Makrevska Disoska, Dragan Tevdovski, Katerina Toshevska-Trpchevska and Viktor Stojkoski in Innovation: The European Journal of Social Science Research, 2018, DOI: 10.1080/13511610.2018.1524288
  12. “Спогодбата за олеснување на трговијата алатка за олеснување и безбедна трговија”, од Катерина Тошевска-Трпчевска, Ирена Кикеркова и Елена Макревска Дисоска, поглавје во Перспективи на трговијата во контекст на сигурноста, безбедноста, приватноста и лојалноста, издавачи Санда Ренко и Блаженка Кнежевиќ, Кембриџ Сколарс Паблишинг, 2018, ISBN-13: 978-1-5275-0841-5, ISBN-10: 1-5275-0841-2 ; стр.159-197
  13. „Поткопување на мултилатералниот трговски систем“ во Економија и бизнис, година 20, број 238, Еуро Мак Компани ДОО, Скопје, 2018, стр. 32-35.
  14. „Спроведување на Спогодбата за олеснување на трговијата во Република Македонија“ (Implementation of the Trade Facilitation Agreement in the Republic of Macedonia) во Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 52 (2017), Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2017, стр. 425-438.
  15. „Одржливи практики за управување со отпадот: Предизвици во Република Македонија„ од Катерина Тошевска-Трпчевска, Ирена Кикеркова и Елена Макревска Дисоска, поглавје во Зелена Економија во Западен Балкан: Кон одржлива иднина, издавачи Санда Ренко и Алмир Пестек, Емералд Паблишинг Лимитед, ИСБН: 9781787145009, 2017
  16. “Спроведување на законите за интелектуална сопственост: некои аспекти за трговијата со фалсификувана стока во Поранешната Југословенска Република Македонија“ во WIPO-WTO Colloquium Papers Research Papers from the WIPO-WTO Colloquium for Teachers of Intellectual Property Law 2015, СТО и ВИПО, Женева, 2017, стр.37-44
  17. “What is the role of innovation in productivity growth in Central and Eastern European Countries” in Economics of Transition, Vol. 25, Issue 3, July, 2017, стр. 527-551, John Wiley Sons, Inc., DOI:10.1111/ecot.12121
  18. “The Role of Innovation in Productivity Growth in Central and Eastern European Countries” во Атељевиќ Јово и Боровиќ Зоран, уредници 5та РЕДЕТЕ конференција „Економски развој и претприемништво во економиите во транзиција: Дали слободната трговија им одговара на земјите во развој и во транзиција?“, Преглед на трудови, Белград, 28-30 Октомври 2016, издадено од Економскиот факултет при Универзитетот од Бања Лука, Бања Лука, 2017, ИСБН 978-99938-46-54-3, стр.770-788.
  19. „Договорот за олеснување на трговијата алатка за олеснување и безбедност на трговијата“ објавен во Кнего Н., Ренко С. и Кнежевиќ Б., уредници, Зборник на меѓународна научна конференција „Перспективи на трговијата 2016: безбедност, сигурност, приватност и лојалност“ во организација на Факултетот за економија и бизнис на Универзитетот од Загреб и Стопанската комора на Хрватска, Загреб, 2016.
  20. “Trade Facilitation Indicators and their Potential Impact on Trade Between the Countries of South-Eastern Europe” in Scientific Annals of Economics and Business, Alexandru Ioan Cuza University of Iasi, Vol. 63 (3), 2016, pp. 347-362; DOI: 10.1515/aicue-2016-0027
  21. „Компаративна студија за мерење на времето за царинење и пропуштање на стоките“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет, Скопје во соработка со Царинската управа на Република Македонија, Скопје, јуни 2016, стр. 1-24.
  22. “Debt or Wage-led Growth: the European Integration” in Journal of Economic Integration, Vol. 31, No. 2, Center for Economic Integration, Sejong University, June 2016, pp.326-352.
  23. “Trade Facilitation Indicators and Their Potential Impact on Trade Between the Countries of South-Eastern Europe” во Economic Recovery in the Post-Crisis Period, Proceedings from International Conference, во издание на Владимир Филиповски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, 2015, стр. 113-124.
  24. „Анализа на индикаторите за олеснување на трговијата на земјите од Југоисточна Европа“ (Analysis of the Trade Facilitation Indicators in the Countries of South-Eastern Europe) во Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 50 (2015), Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2015, стр. 541-554.
  25. „Олеснување на трговијата Современ мултилатерален трговски систем“, Селектор, Библиотека Студиорум, Скопје, 2015
  26. „Мерење на ефектите од царинските и административните процедури во трговијата: Гравитациски модел за земјите од Југоисточна Европа“ (Measuring the Effects of Customs and Administrative Procedures on Trade: Gravity Model for South-Eastern Europe) во Croatian Economic Survey, Vol. 16, No.1, во ко-авторство со Драган Тевдовски, Економски институт, Загреб, април 2014, стр. 109-127
  27. „Ефекти од воведувањето на едношалтерскиот систем и поедноставените царински постапки во Република Македонија“(Effects of the implementation of single window and simplified customs procedures in the Republic of Macedonia) во World Customs Journal, Vol. 8, No.1, ИНКУ и СЦО, Австралија и Германија, март 2014, стр. 51-62
  28. „Потреба и интерес за воведување на програмата овластен економски оператор во Република Македонија“, во Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 48 (2013), Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2013, стр. 293-304.
  29. „Царински и административни процедури во земјите на Југоисточна Европа“, труд презентиран на 9-тата Меѓународна конференција на Асоцијацијата на универзитети на Југоисточна Европа (АСЕКУ) на тема „Системска економска криза: Тековни прашања и перспектива“одржана на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 30-31 мај 2013.
  30. „Времето како бариера во надворешнотрговската размена на Република Македонија“, во Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 47 (2012), Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2012, стр. 389-396.

Раководител на департманот по Надворешна трговија од 11.11.2019;

–         Раководител на Постдипломски Европски студии;

–         Член на Колегиумот за постдипломски студии;

–         ЕКТС координатор на департманот Надворешна трговија;

–         Претседател на Комисијата за јавни набавки;Член на Македонско-Американската Алумни асоцијација.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.