fbpx

д-р Ѓорѓи Гоцков

Вонреден професор

Катедра за Финансии

gjorgji.gockov@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286 903

Приемно време:
Понеделник 10:00 – 12:00

Вторник 12:00 – 14:00

Среда 12:00 – 14:00

Ѓорѓи Гоцков е роден на 7.6.1973 година во Валандово. Во 1997 година успешно ги завршува студиите и дипломира на Економскиот факултет Скопје на отсекот Деловна (Бизнис) економија, насока Финансиско-сметководствен менаџмент.

Во јуни 2009 година успешно ги завршува постдипломските студии од областа на Монетарната економија и се стекнува со научно звање – магистер по економски науки од областа на монетарната економија. Насловот на магистерскиот труд беше “Методологија за следење и анализа на финансиските текови во Република Македонија”.  

Во декември 2011 година успешно ја одбранил докторската дисертација под наслов “Интегрирани макроекономски сметки и случајот на Република Македонија“, со што се стекнал со титулата (научен степен) – доктор на економски науки.  

На почетокот на 1999 година се вработува во Народната банка на Република Македонија во Дирекцијата за истражување. Во 2003 година работи во Министерството за финансии како раководител на Секторот за макроекономска и развојна политика на националната економија. Во 2004 година, со реорганизацијата на Народната банка, е именуван за директор на новоформираната Дирекција за статистика.

Како претставник од Народна банка, во периодот 2006-2009 беше член во Irving Fisher Комитетот за статистика на централните банки во рамки на Банката за меѓународни порамнувања (BIS) во Базел. Исто така, во тој период беше член и на Комитетот за монетарна, платно билансна и финансиска статистика на ЕУРОСТАТ во рамки на Европската комисија. Во периодот 2007-2009 година беше член на Советот на Државниот завод за статистика.

На крајот на 2009 година е избран за помлад асистент по група предмети од областа на финансиите на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“. Во звањето вонреден професор по предметите Банкарство и Фискален и монетарен систем на ЕУ е избран во декември 2016.  

Учествувал на повеќе семинари, обуки, курсеви, работилници и конференции од областа на макроекономијата и статистиката во организација на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка, ЕУРОСТАТ и централни банки на повеќе развиени земји. Автор е на повеќе трудови од истражувачката дејност од областа на макроекономијата и финансиите.

Предмети:

Насоки

Степен

Банкарство

 

Прв циклус на студии

Фискална и монетарна политика во ЕУ

 

Прв циклус на студии

Монетарна анализа

 

Втор циклус на студии

Монетарна и фискална политика во ЕУ

 

Втор циклус на студии

Современи финансиски аспекти во осигурувањето

 

Втор циклус на студии

  • Jovanovski, K., Naumovska, E., Gockov, Gj., (2015), “Financial liberalization and the financial euroization”, Economic Development, Journal of the Institute of Economics – Skopje, Year. 17 No.1-2/2015 (pg. 289-305), 2015, Institute of Economics, Skopje
  • Naumovska, E., Jovanovski, K., Gockov, Gj., (2015), “The influence of the banking sector functions on economic activity in Macedonia”, Scientific Annals of the Alexandru Ioan Cuza University of Iasi,62, No.2 (pg. 207-220), 2015, Alexandru Ioan Cuza University of Iasi – Economic Sciences, Romania
  • Eftimov, Lj., Trpeski, P., Gockov, Gj., Vasileva, V., (2016), “Designing balanced scorecard as strategic management system for higher education institutions: a case study in Macedonia”, International Journal for economic theory and practices and social issues “Ekonomika”, Year LXII, IV-VI 2016, Vol.2, Society of Economists, Nis, Serbia
  • Гоцков, Ѓ., Петревски, Г., Филиповски, В., (2016), “Проблемите и предизвиците на номиналната и реалната конвергенција на македонската економија на патот кон ЕУ и ЕМУ“, Зборник на трудови од научна конференцијаМакедонија кон Европската Унија (2020) – искуства, предизвици и перспективи“, МАНУ.
  • Гоцков, Ѓ., Петревски, Г., (2016), “Потребна ли е промена на монетарната стратегија?“, ФЕС, Скопје
  • Гацов, П., Гоцков, Ѓ., Петревски, Г., Поповски, Н., Тевдовски, Д., Узунов, В., Филиповски, В., (2016), “Реформи за праведно оданочување“, стручна монографија, ФЕС, Скопје
  • Gockov, Gj., Makresanska-Maldenovska, S., Petrevski, G.G, (2016), “Real Convergence in Central and Eastern Europe: An Empirical Analysis“, Proceedings from International Conference „The Changing Role of Finance in Today’s Global Economy“, Faculty of Economics – Skopje.  
  • Petrevski, G., Gockov, Gj., Makresanska-Maldenovska, S., (2016), “Determinants of real convergence in Central and Eastern Europe“, Proceedings from International Conference, Faculty of Economics – Prilep.
  • Gockov, Gj., Stojchevski, S., (2017), “Return on risk-weighted assets (RoRWA) as the basis for new approach in management of the banks – the case of the Western Balkan’ countries”, Proceedings from International Scientific Conference on Economics and Management – EMAN 2017, Ljubljana, Slovenia.
  • Гоцков, Ѓ. (2017), “Ефекти од кризата врз билансот на плаќање – случајот на Република Македонија“, МАНУ и БАНУ публикација.
  • Гоцков, Ѓ., Петревски, Г., Филиповски, В., (2017), “Импликациите од европската должничка криза врз номиналната и реалната конвергенција на Република Македонија кон стандардите на ЕУ“, МАНУ и БАНУ публикација.
  • Gockov, Gj., Trpeski, P., (2017), “Austerity or Fiscal Stimulus in Times of Crisis – an Old Debate Without Consensus”, KNOWLEDGE International Journal Scientific Papers 20.2, 2017.
  • Gockov, Gj., Antovska, A., (2018), “Western Balkans countries income convergence in the context of EU membership: Opportunity or just a dream for increasing welfare?”, Proceedings from 10th International Conference & Summer School “Economic Challenges in Enlarged Europe”, 2018, Tallinn, Estonia.
  • Trpeski, P., Gockov, Gj., Cvetanoska, M., (2018), “Income distribution and its determinants in the Republic of Macedonia”, KNOWLEDGE International Journal Scientific Papers 26.1, 2018.
  • Гоцков, Ѓ., (2018), “Макроекономска стабилност и анемичен економски раст – некои „нелогичности“ во македонската економија“, Зборник од Научна конференција – Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија, МАНУ, октомври 2018, Охрид.
  • Gockov, Gj., Makresanska Mladenovska, S., (2019), “Factors driving the public debt dynamics: the case of Republic of Macedonia”, Journal of Contemporary Economic and Business Issues, JCEBI, Vol.6, No.1, 2019, Skopje.
  • Gockov, Gj., (2019), “The Polak’s monetary model and its application on Macedonian case”, KNOWLEDGE International Journal Scientific Papers 31.1 (2019).
  • Gockov, Gj., Hristovski, G., (2019), “Determinants of Liquidity and its Relationship with Profitability – The Case of Macedonian Banking Sector “, Asian Journal of Economics and Empirical Research, 6, No.1 (2019).
  • Gockov, Gj., Antovska, A., (2019), “Western Balkans countries income convergence in the context of EU membership – dynamics and determinants”, Journal Transition Studies Review, Vol. 26, No.2 (2019).
  • Раководител на колегиумот на студиската програма од втор циклус на студии по Монетарна економија, финансии и банкарство
  • Надворешен соработник на Центарот за стручно образование и обука за изготвување на стандард на квалификација со наставен план за образовниот профил Економски техничар
  • Независен неизвршен член на одборот на директори на ЦДХВ
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.