fbpx

д-р Љупчо Ефтимов

Вонреден професор

Катедра за Менаџмент

ljupco.eftimov@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-875

Приемно време:

Вторник 10:00:00 – 12:00:00

Среда 10:00:00 – 12:00:00

Проф. д-р Љупчо Ефтимов е роден на 18ти ноември, 1978 година во Скопје, Република Македонија.  

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на департманот по Менаџмент во 2004 година, а веднаш по дипломирањето го продолжил своето образование на постдипломските студии МБА – Менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. По положувањето на предвидените испити на 13.5.2009 година успешно го одбранил својот магистерски труд на темата: „Еволуција на мерењето и управувањето на организациските перформанси“, на Економски факултет-Скопје, Р. Македонија и се здобил со научен степен магистeр на економски науки од областа на MБA Менаџмент.

Докторската дисертација на тема ,,Примена на Balanced Scorecard системот за управување со организациските перформанси во високото образование во Р. Македонија” ја пријавил во 2009 година на Економски факултет-Скопје, Р. Македонија, а успешно ја одбранил на 13.9.2012 година со што се стекнал со научен степен доктор на економски науки. 

Љупчо Ефтимов  по прв пат е избран за помлад асистент на Економскиот факултет во Скопје по предметите економика на претпријатие и менаџмент на човечки ресурси на 17.1.2005 година. По магистрирањето, во јуни 2009 година д-р Ефтимов Љупчо последен пат бил избран во звањето асистент по предметите економика на претпријатие и менаџмент на човечки ресурси. На 30.11.2012 година е избран за доцент по предметот менаџмент на човечки ресурси. На 31.08.2017 година е избран за вонреден професор по предметите менаџмент на човечки ресурси и менаџмент на перформанси.

На прв циклус студии одржува настава по предметите: Менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. На втор циклус студии одржува настава по предметите: менаџмент на човечки ресурси, стратегиски менаџмент на човечки ресурси, менаџмент на перформанси и развој на професионални вештини за вработување. Од 2013 година ја извршува функцијата Раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси.

Од особена важност за неговото професионално напредување се и многубројните домашни и меѓународни обуки, курсеви, семинари, работилници, стручни форуми, советувања, конференции и студиски престои на кои тој има учествувано од областа на менаџментот на човечките ресурси и управувањето со организациските перформанси. Тој во 2006 година како добитник на престижната стипендија Chevening Scholarship која ја доделува Open Society Institute и UK Foreign и Commonwealth Office, како професионален истражувач од областа на менаџментот на човечките ресурси и управувањето на организациските перформанси има остварено и деветмесечен студиски престој на престижниот Oxford University, Oxford, U.K.

Автор е на повеќе стручни и научни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија и конференции. Тој е дел од авторските тимови на еден универзитетски учебник, една монографија и автор на една интерна скрипта за предавања.

Во своето работно искуство неколку пати се јави во улога на член на организационите одбори на значајни меѓународни и домашни научни конференции, а од неодамна ја извршува функцијата член на уредувачките одбори во неколку меѓународни и домашни научни списанија: Journal of Human Resource Management – SlovakiaMacedonian HRM Journal, Годишникот на Економски факултет-Скопје.

Покрај академското искуство, Проф. д-р Љупчо Ефтимов има и богато професионално искуство. Во моментот тој ги извршува следните функции:

  • Раководител на колегиумот на студиската програма од втор циклус на студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси;
  • Член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Скопје;
  • Член на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија;
  • Член на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Република Македонија;
  • Член на Советодавниот одбор на Бизнис центарот за тренинг и обука при Стопанска комора на Р. Македонија;
  • Член на оперативната група при  Министерството за образование и наука на Република Македонија која работи на националната стратегија Стоп Brain Drain.

Подрачја на негов научен интерес се менаџментот на човечки ресурси, менаџментот на перформанси, образовниот менаџмент, како и менаџментот на движењата на образованите кадри во и надвор од државните граници (brain drain и brain gain).

ПредметНасокиСтепен
Менаџмент на човечки ресурсиМаркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнисПрв циклус студии
Менаџмент на човечки ресурсиСметководство и ревизија (двегодишни студии)Втор циклус студии
Менаџмент на перформансиМаркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнисПрв циклус студии
Стратегиски менаџмент на човечки ресурсиСтратегиски менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии)Втор циклус студии
Развој на професионални вештини за вработувањеСтратегиски менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии)Втор циклус студии
Менаџмент на перформансиСтратегиски менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии)Втор циклус студии
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.