Катедра за Економија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Вторник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Ѓунтер Мерџан е роден во 1994 година во Битола. Основното и средното образование ги завршил во Ресен. На Економскиот факултет – Скопје, на департманот по економија, дипломирал како најдобар студент на генерацијата дипломирани во академската 2016/2017 година со остварен просечен успех од 9,94. Во 2017 година се запишал на втор циклус на студии на Економскиот факултет – Скопје на студимот по “Економски развој и меѓународни финансии”. Од 2017 година работи како демонстратор на Катедрата за економија на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Во текот на факултетското образование има добиено награди за извонредни остварувања во образовниот процес од Економскиот факултет – Скопје. Од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е награден со Златник со ликот на светите Кирил и Методиј за најдобро дипломиран студент во академската 2016/2017 година.
Моментално работи на својот магистерски труд под наслов: “Влијанието на четвртата индустриска револуција врз продуктивноста на трудот”. Предмет на оваа магистерска теза е детално истражување на “парадоксот на продуктивноста” со која се соочува глобалната економија, придружено со разработка на процесот на четвртата индустриска револуција, односно почетокот на една нова ера или силен процес на трансформација која радикално ќе ги промени нашите животи, начини на работа и односи.
Исто така, моментално е одговорен за изведување вежби, остварување консултации со студентите во рамките на Kатедрата за економија. Врши научно-истражувачка работа, пишува трудови и статии во областите на технологијата и економскиот развој за различни меѓународни научни списанија и конференции. Член е на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и на Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет – Скопје. Во рамките на овие студентски тела е иницијатор и организатор на одредени проекти и настани.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.
Форуми:
Награди:
Иницијативи:
Членства:
Семинари:
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани