Ажуриран распоред на испити за Јунска испитна сесија 2020

Почитувани студенти,

Имајќи го предвид трендот на новорегистрирани заболени од Covid-19, најголем дел од испитите ќе се реализираат on-line/усно започнувајќи од 10.6.2020 година согласно претходно објавениот распоред. Сепак одреден број на испити поради природата на предметните содржини и бројноста на студентите ќе мора да се реализираат со физичко присуство веднаш чим се создадат услови за тоа. За овие испити ќе следат дополнителни термини и известување набрзо.

Испитите кои ќе се реализираат усно/on-line, започнувајќи од утре ќе се спроведат со приклучување на објавените линкови во точно дефинираниот термин објавен во распоредот на веб страната на факултетот, освен за испитите за кои веќе е договорен друг распоред во комуникација со предметиот професор.

Со оглед на непредвидливоста на здравствената ситуација во земјата, доколку се добијат поинакви упатства од здравствените, односно од државните авторитети, можна е промена во начинот на изведување на испитите во вториот испитен рок, за што благовремено ќе бидете известени. За сите дополнителни и нови информации следете ги редовно објавите прикачени на веб-страната и на Facebook страната на Економскиот факултет – Скопје.

Ви благодариме на разбирањето и Ве повикуваме заедно да придонесеме во зачувување на јавното здравје!

*ВАЖНО: Полагањето на испитите со физичко присуство во Јунската сесија 2020 започнува на 22.06.2020, согласно распоредот кој што е објавен на линкот во продолжение.

Распоред за Прв Циклус студии ЛИНК

Срдечно,

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.