fbpx

Единствен пазар на ЕУ

Наслов на наставниот предмет

Единствен пазар на ЕУ

Код

 

Наставник

Проф. д-р Елена Макревска Дисоска

Проф. д-р Сашо Георгиевски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да

бидат способни:

1.       да прават јасна дистинкција на карактеристиките и на функционирањето царинската унија од оние на заедничкиот пазар на ЕУ;

2.       да ја разберат неопходноста од елиминирање на сите квалитативни, квантитативни и останати мерки со еквивалентен ефект, од една страна, и меѓусебно признавање на техничките стандарди, од друга страна, со цел обезбедување на слободно движење на стоките во ЕУ;

3.       да ја разберат специфичноста на сферата на услугите, можноста за примена на принципот на недискриминација и потребата од исклучоци од општи правила за зачувување на интегритетот и спецификите на услугите од јавен национален  интерес  со  едновремено  обезбедување  на  целосно функционирање на правилата на Внатрешниот пазар на ЕУ 

4.       да ја разберат потребата за усогласување на даночната и на фискалната сфера како предуслов за слободно движење на капиталот во ЕУ;

5.        да прават разлика меѓу слободното движење на работната сила и слободното движење на физички лица на Внатрешниот пазар на ЕУ.

Содржина на предметната програма: 

Предметот има за задача јасно да го разграничи функционирањето на Заедничката надворешнотрговска политика на ЕУ како стожер на царинската унија од четирите економски слободи: Слободното движење на стоки, на услуги, на капитал и на работна сила во рамките на Внатрешниот пазар на ЕУ.  Секоја од четирите слободи е заснована на одделна правна регулатива која проникнала врз основа на решените случаи од практиката на Европскиот суд на правда. Со оглед на нивната специфичност и засебноста на правните извори, секоја од одделните законски рамки врз кои се заснова слободното движење на стоки, услуги, капитал и на работна сила се разгледува одделно, за на крај да се стекне вистинска слика за сложеноста на системот и на неговите носители во рамките на Европската унија. 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.