fbpx

Спојувања и аквизиции помеѓу компаниите

Наслов на наставниот предмет

Спојувањa и аквизиции помеѓу компаниите

Код

CFM 513

Наставник

Доц. д-р Даниела Мамучевска

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба:

•      да се стекнат со сеопфатна слика за процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите како форми на корпоративно преструктуирање

•      да  бидат способни да ги разберат и одделните фази во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите

•      да ги применуваат моделите за вреднување и оценување на предлозите за спојување и аквизиции помеѓу компаниите

•      да се запознаат со процесот на управување при спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

Содржина на предметната програма:

1.      Воведни аспекти за спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

–          Анализа на мотивите за спојување и аквизиции помеѓу компаниите

–          Трендови во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите

–          Пријателски versus непријателски превземања на компании

–          Хоризонтални спојувања, вертикални спојувања и конгломерати

2.     Економски аспекти на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

–          Анализа на структурата и пазарната конкуренција во индустријата

–          Стратегиските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите

–          Организациските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите

–          Финансиските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите

3.     Правните аспекти и контролата на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

Домашната правна рамка и контролата на спојување и аквизиции

помеѓу компаниите

–          Правната рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите во ЕУ

–          Правната рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите во САД

4.     Анализа на одделните фази на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

–          Развој на бизнис план за спојување или аквизиција со друга компанија/компании

–          Истражување на потенцијалните таргет компании

–          Скрининг на избраната компанија

–          Воспоставување на контакт и процес на преговарање

–          Развој на план за  спојување или аквизиција

–          Склучување на договорот за спојување или аквизиција

5.     Модели за финансиско оценување на предлогот за спојување и аквизиција помеѓу компаниите

6.     Заедничките вложувања (joint ventures) и  стратегиските алијанси како алтернативи на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

7.      Прекугранични спојувања и аквизиции помеѓу компаниите (трендови, мотиви и фактори)

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.