fbpx

м-р Иван Дионисијев
Асистент

Катедра за Сметководство и ревизија

ivan.d@eccf.ukim.edu.mk

Приемно време:

Понеделник: 10 -12h

Петок: 10 - 12h

 

Иван Дионисијев е роден во Скопје на 27.08.1991 година, каде што завршува основно, средно и високо образование. Средното образование го завршува во гимназијата „Орце Николов“, билингвална паралелка на француски јазик, со што во текот на средното образование е дел од успешен проект за размена на ученици во Република Франција и воедно се стекнува со Диплома за положена француска матура. По завршувањето на средното гимназиско образование, школувањето го продолжува на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на департман „сметководство и ревизија“. Дипломира во јуни 2013 година по успешната одбрана на својата дипломска работа, со што се стекнува со звање дипломиран економист на департманот „сметководство и ревизија“.За време на студиите, Иван изучувал тринаесет сметководствени предмети кои ги положил со одличен успех. Во 2013 година, се запишува на втор циклус студии на Економскиот факултет во Скопје во областа на сметководството, кои ги завршува во април 2017 година, успешно бранејќи го магистерскиот труд на тема: „Јавна внатрешна финансиска контрола во Република Македонија“.

На 12 ноември 2013 година се вработува во Државниот завод за ревизија на местото: помлад ревизор за ревизија на економија – буџетски корисници и единки корисници и трговски друштва.

Со избор на соработник Асистент во научната област сметководство, на 27 декември 2019 година се вработува на Економскиот факултет.

Активно го познава англискиот и францускиот јазик, поседува комуникациски вештини и организациски/менаџерски вештини, а од компјутерските вештини одлично познавање на алатките на Microsoft Office, интернет и Joomla.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.

  • Учество на Работилница за Дигитална Ревизија, одржана на 6 и 7 ноември 2019 година во Скопје, организирана од SIGMA во соработка со Државниот завод за ревизија на РС Македонија;
  • Работилници за обука за стратешко планирање на ревизиите при Твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија„ МК 13 IPA FI 01 17 R;
  •  Учество во работна група за изработка на ИТ процедури за имплементација на Системот за управување на процесот на ревизија (АМС) во рамки на Проектот „Имплементација на Системот за управување со ревизијата (АМС) МАК 12-0015, реализиран со техничка помош на Канцеларијата на Главниот ревизор на Норвешка
  • Учество и модератор на работилница на 3-та конференција на EUROSAI за млади, одржана во Талин, Естонија – 2017 година на тема „Достапни надградби (UPDATES AVAILABLE);  
  • Учество и модератор на работилница на 2-та конференција на EUROSAI за млади, одржана во Ерусалим, Израел – 2015 година на тема „SAI&I“ (Врховните ревизорски институции и индивидуата);
  • Учество со презентација на Семинар од областа на ревизија на општините на тема „Планирање и извршување на буџетот на општините“ одржан во Варшава, Полска – во период од 05.-07.09.2015 година, организиран од страна на Врховната ревизорска институција на Литванија, во соработка со Врховната ревизорска институција на Полска, со цел формирање на Работна група за ревизија на општини во рамки на EUROSAI.

Обуки, курсеви, работилници, семинари:

  • воведен семинар за државна ревизија;
  • работилница за практична примена на законот за јавни набавки, организирана од страна на Државниот завод за ревизија и Бирото за јавни набавки;
  • обука за јавната внатрешна финансиска контрола;
  • обука за Windows 2016 и Microsoft Office 2016.
  • „Принципи на пазарот на капитал“ одржан, од страна на Македобска берза за хартии од вредност АД Скопје во соработка со ЕБОР и Виенската берза;
  • онлајн курс на тема „Вовед во финансиско сметководство“ (An introduction in financial accounting), одржан од страна на „WhartonSchool of the University of Pennsylvania“, а обезбеден од Coursera;
  • онлајн курс на тема „Микроекономски принципи“ (Microeconomics principles“, одржан од страна на University of Illinois at Urbana-Champaign, а обезбеден од Coursera
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.