fbpx

м-р Љубен Коцев
Асистент

Катедра за Надворешна трговија

ljuben.kocev@eccf.ukim.edu.mk

+389 (0)2 3286 861

Приемно време:

Вторник 11:00-13:00

Среда 11:00 – 13:00

 Љубен Коцев е роден во Скопје. Средно образование завршил во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин “. Прв и втор циклус на студии завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Во учебната година 2016-2017 година примен е на специјализирани магистерски студии по право и бизнис на правниот факултет Bucerius Law School во Хамбург, Германија како добитник на целосна стипендија, каде магистрирал во 2017 година со специјализација во полето на Меѓународната арбитража. Моментално е студент на трет циклус на студии  во рамките на Школата за докторски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. 

Работел во домашни адвокатски канцеларии, бил практикант во адвокатското друштво  Hogan Lovells LLP во Минхен, СР Германија. Од декември 2017 година вработен е како асистент – докторанд на Економскиот факултет – Скопје.

Вклучен е во повеќе активности меѓу кои како најзначаен се вбројува натпреварот за меѓународна трговска арбитража во Виена (Willem C. Vis), на кој како студент има добиено индивидуални и тимски признанија. Активно е вклучен во подготовката на тимот на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје за натпреварот, и како арбитар на усните рочишта во Виена. Член е на академската мрежа на London School of Economics за ЦЕФТА регионот.

Има остварено повеќе научни престои во Германија, Австрија, Франција, Швајцарија, Кина. Автор и коавтор е на повеќе научни и стручни трудови и има учествувано на повеќе домашни и меѓународни научни конференции.

Полиња на интерес: трговско право, договорено право, корпоративно право, арбитражно право, конкурентско право.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.

Предмети

Насоки

Степен

Трговско право

 

прв

  1. Kocev Lj., Kikerkova I., Toshevska Trpchevska K., Makrevska Disoska E., (2019). Enhancing regional cooperation through custom digitalization in CEFTA – 2006. Proceedings to the FEB Zagreb 10th International Odyssey Conference on Economics and Business. University of Zagreb, Faculty of Economics and Business.
  2. Kocev Lj. (2018). The New International Chambers of the Paris Courts – Innovative Way for Resolution of Commercial Disputes. Knowledge International Journal, 28(1), 241-246.
  3. Kocev Lj. (2018). Determining the Applicable Law on Privileges in International Commercial Arbitration. Iustinianus Primus Law Review Vol 17.4
  4. Коцев Љ. (2018). Примена на “Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки” во меѓународната трговија. Годишник на Економски Факултет – Скопје, том 53, 187-201.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.