fbpx

м-р Филип Пеовски
Асистент

Катедра - Математика и статистика

peovski@eccf.ukim.edu.mk

Приемно време:
Понеделник: 10 -12h
Петок: 10 - 12h

Филип Пеовски е роден 26.12.1996 година во Скопје. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз – Тито” во Скопје насочен во општествено-хуманистичкото подрачје, со што ги воспоставува основните темели за понатамошното образование во економијата.

Првиот цилус на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Економски факултет-Скопје, го завршува во 2019 година со просечен успех 9,44 на департманот финансиски менаџмент, дипломирајќи на тема „Концентрацијата во македонскиот банкарски сектор”. Веднаш по завршување на дипломските студии, својата академска надградба ја продолжува на вториот циклус студии по Монетарна економија, финансии и банкарство. Со одбрана на магистерскиот труд насловен како „Имплементација на неконвенционални монетарни мерки – анализа на активноста на Европската централна банка” во 2020 година ги завршува постдипломските студии со просечен успех 10,00. Остварил практична работа во Винер осигурување – Виена Иншуренс Груп АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

За време на своите постдипломски студии е ангажиран како демонстратор на катедрата по финансии. Започнувајќи од јануари 2021 година, тој е ангажиран како асистент во областа на применетата економија на катедрата по математика и статистика.

Негов предмет на научно-истражувачки интерес се макроекономијата со посебен фокус на монетарната економија и активноста на централните банки, финансиите, статистиката и економетриските моделирања на макроекономските процеси.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.

  • Peovski, F. (2020). Unconventional monetary measures – the case of the Eurozone and the ECB. Economic Development, Journal of The Institute of Economics – Skopje, 23  No. 3/2020, ISSN 1857-7741, pp. 66-80.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.