Катедра - Менаџмент
Бојан Китановиќ е роден на 07.12.1998 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје во 2021 година како Magna Cum Laude. Неговиот дипломски труд на тема „Иднината на работата: Чекорење во новата дигитална ера“ беше избран за најдобар дипломски труд. По дипломирањето ангажиран е за демонстратор на Катедрата за Менаџмент. Во учебната 2021/2022 година се запишува на постдипломски студии на студиската програма MBA in Strategic Human Resource Management. Бојан се јавува како автор и коавтор на трудови во зборници на факултетот, академски списанија, блогови, водичи и публикации. Тој има повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор и претприемачкиот екосистем преку работа на меѓународни проекти и е активен придонесувач во Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет-Скопје.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани