Надворешна трговија – студиска програма 2017/2018

Надворешна трговија – студиска програма 2017/2018

Дипломираниот економист на Департманот по надворешна трговија има продлабочени теоретски знаења од областа на надворешната трговија и поседува специфични вештини за нивна практична примена.

Специфични компетенции:

Дипломираниот економист на Департманот по надворешна трговија се оспособува за креирање на макроекономските политики во областа на надворешнотрговскиот и девизниот систем и за нивна практична имплементација. Притоа, тој поседува знаења за потребата од усогласување на националните политики од областа со правилата на мултилатералниот трговски систем, од една страна, и со правилата на Европската унија од друга страна. Исто така, стекнува теоретски знаења за спроведување на 11 макроекономска анализа од аспект на билансот на плаќањата, утврдување на изворите на нерамнотежа во него и спецификите на расположливиот инструментариум за негово повторно враќање во рамнотежа. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат во државните институции – ресорните министерства и агенции, Народната банка на Република Македонија, Царинската управа на Р. Македонија, но и во компаниите од приватниот сектор – претпријатијата регистрирани за надворешнотрговско работење, шпедитерските, транспортните претпријатија и осигурителните куќи и во овластените банки за платен промет.

Општи и специфични дескриптори на квалификацијата

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

1) Знаење и разбирање

  • Демонстрира знаење и разбирање за правилата врз основа на кои функционира современата меѓународна економија и во нејзини рамки, мултилатералниот трговски систем.
  • Покажува знаење за предностите и слабостите на различни теоретски концепции преточени во економски мерки и инструменти за водење на надворешнотрговската политика на одделните земји.
  • Покажува знаење и способност за анализа на ефектите од примената на одделните инструменти на надворешнотрговскиот и девизниот систем и девизната политика врз надворешнотрговската размена и билансот на плаќањата.
  • Демонстрира знаење и разбирање за актуелните аспекти и процеси на регионално интегрирање во светот, особено во Европа, и нивното влијание врз современите бизнис практики.
  • Демонстрира знаење за водење на самостоен бизнис во современото меѓународно окружување.

2) Примена на знаењето и разбирањето

  • Применува аналитичко-критичка апаратура за согледување на предностите и слабостите на различните теоретски концепции од областа на надворешната трговија. • Успешно ги интерпретира случувањата во меѓународната економија и ги толкува политиките и дејствувањето на мултилатералниот трговски систем и финансиските институции.
  • Професионално ги користи инструментите на мултилатералниот трговски систем во насока на поддршка на надворешно-трговската политика.
  • Ги применува знаењата за досега реализираните ефекти од процесите на регионално интегрирање за успешно вклопување на Република Македонија во Европскта унија и во ЦЕФТА -2006.
  • Успешно се вклучува во спроведување на современите бизнис практики.

3)         Способност за проценка

  • Покажува способност за критична анализа за предложените решенија и преземните мерки од страна на големите меѓународни организации и институции поврзани со регулацијата на меѓународните економски односи.
  • Покажува способност за прибирање, анализирање, оценка и презентирање на информации за поважните аспекти на избраната надворешнотрговска политика на одделни национални економии.
  • Демонстрира способност за вешто комбинирање на инструментите на надворешнотрговскиот и девизниот систем.
  • Покажува способност за преземање идни чекори во насока на приближување и хармонизација на нашата земја во евроинтеграциските процеси.
  • Покажува способност за препознавање на можностите за развој на успешен бизнис во современата меѓународна економија.

4)         Комуникациски вештини

  • Поседува способност за професионална комуникација со професионалци од областа.
  • Покажува способност да функционира ефикасно како дел од професионален тим.
  • Покажува способност за независно учество во научни и професионални дискусии, како и учество во научно-истражувачки проекти.
  • Поседува способност за критичка анализа на окружувањето и за предлагање мерки за надминување на конкретни проблеми со кои се соочуваат бизнисите во современата меѓународната економија.
  • Поседува способност за приспособување кон правилата на функционирање на современиот бизнис.

5)         Вештини на учење

  • Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување содржини од областа на меѓународната економија.
  • Покажува интерес за активно учество во различни дополнителни форми и видови учење.
  • Демонстрира способност за правилно организирање и користење на времето.
  • Демонстрира способност за критичка анализа и генерирање на идеи во насока на решавање проблеми од секојдневната практика.
  • Покажува интерес за континуирана едукација и професионален развој на повисоки образовни нивоа.
Прва година задолжителни предмети
Ред. Бр. Шифра Предмет Часови ECTS
Зимски семестар
1 ECN 110 Основи на економијата 6+0 8
2 MST 110 Математика за економисти 4+2 8
3 АCC 110 Основи на сметководство 4+2 8
4 INT 110 Трговско право 4+2 8
Летен семестар
5 MST 120 Статистика за бизнис и економија 4+2 8
Втора година задолжителни предмети
Зимски семестар
6 INT 220 Меѓународни организации и интеграции 6+0 8
7 MKT 210 Основи на маркетинг 4+2 8
8 MGT 210 Основи на менаџмент 6+0 8
Летен семестар
9 INT 210 Меѓународна економија 6+0 8
Трета година задолжителни предмети
Зимски семестар
10 INT 310 Европски економски интеграции 6+0 8
11 INT 340 Надворешна трговија 6+0 8
12 FIN 230 Јавни финансии 6+0 8
Летен семестар
13 INT 320 Единствен пазар на ЕУ 6+0 8
14 INT 330 Мултилатерален трговски систем 6+0 8
Четврта година задолжителни предмети
Зимски семестар
15 INT 410 Меѓународни трговски трансакции 6+0 8
16 FIN 310 Меѓународни финансии  6+0 8
17 INT 430 Монетарна и фискална политика во ЕУ 6+0 8
Летен семестар
18 INT 420 Мултилатерална трговска регулатива 6+0 8
19 МКТ 420 Меѓународен маркетинг 4+2 8
Дипломска работа 3
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.