Катедра за Економија
goce.petreski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-870
Приемно време:
од до часот
од до часот
Образование: Доктор по економски науки. Области: економски развој, економски раст, инвестиции, економска анализа и меѓународни економски проблеми. Магистрирал на постдипломски студии од економски развој и методи на економската анализа. Завршил и постдипломски студии од областа на населението и развојот (во странство).
Специјализации (сертификати):
Професионално искуство: Универитетски професор: настава од економски раст и развој, инвестиции, економија на трудот и меѓународен бизнис и други меѓународни економски проблеми – на редовни или постдипломски студии на својот и на други универзитети.
Дипломат: мултилатерална дипломатија
Меѓу другото бил: шеф на поголем број национални делегации на меѓународни конференции и собири (Конференцијата за разоружување, Комисијата на ОН за човечки права, Економската комисија на ОН за Европа, UNCTAD, WIPO, WTO, ILO и др.), координатор и коавтор на антиинфлационата програма 1992. Бил консултант на Европската банка за обнова и развој – Лондон, Бил надворешен економски советник на премиери на две Влади на Република Македонија, Гувернерот на Народната банка на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, Учествувал во преговорите за сукцесија, бил главен преговарач на Република Македонија за пристапување во Светската трговска организација (WTO) и активно учествувал во целиот циклус трговски преговори со ЕФТА и тн. Член на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Член на Blue Ribbon комисијата за реформи. Визитинг професор е на Загребскиот Универзитет.
Има објавено над 160 референци (статии, книги, истражувања). Реализирал студиски престои во Хаг, Сеул, Токио, Бон, Лондон, Рим, Стокхолм, и Бриж. Учествувал на повеќе меѓународни симпозиуми, научни и други собири (Лондон, Вашингтон, Женева, Стокхолм, Лион, Сантандер, Варшава, Атина, Букурешт, Солун, Охрид, Волос, Каиро, Јоханезбург, Лариса, Крагуевац, Бангкок, Букурештт, Бон, Осло, Луксембург и др.) Работел на повеќе научно – истражувачки проекти. Добил национална награда за труд од областа на економијата за 2002 година.
Од 2009 година е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Економија на работната сила | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Економски развој | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Политика на технолошки развој | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Технолошкиот развој и глобализацијата | Економски развој и меѓународни финансии | Втор циклус студии |
Човечките ресурси во јавниот сектор | Управување во јавниот сектор | Втор циклус студии |
Економски развој-теории и емпириски факти | Економски развој и меѓународни финансии | Втор циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани