fbpx

Департман финансии

Раководител: проф. д-р Ѓорѓи Гоцков

Секретар: проф. д-р. Сузана Макрешанска Младеновска

Финансии – студиска програма 2022/2023

Финансиски менаџмент– студиска програма 2017/2018

  Со предложената студиска програма студентите ќе се стекнат со неопходни теоретски знаења и практични вештини за успешно работење во финансиските институции во приватниот и во јавниот сектор, како и за извршување на финансиската функција во нефинансиските трговски друштва.

Конкретно, основни цели на студиската програма по Финансии:

  • Студентите да се здобијат со знаења за финансискиот сектор и теоретските модели за вреднување на финансиските инструменти и за финансиското посредување.
  • Студентите да се здобијат со способности и вештини примена на практичните методи и техники за извршување на финансиската функција во претпријатијата, за инвестирање во финансиски инструменти и за раководење со финансиските финансиските институции.

 Во периодот по економското осамостојување, финансискиот сектор се покажа како еден од најпропулзивните дејности во стопанската структура, забележувајќи исклучително динамичен развој. Во таа смисла, слободно може да се каже дека реформите во финансискиот сектор заземаа едно од централните места во трансформацијата на македонската економија и изградбата на пазарно-заснован економски систем. Така, економското осамостојување започна со процесот на изградба на независен монетарен систем (воведување сопствена валута, централна банка и монетарна политика), а потоа следуваше процесот на рехабилитација на банкарскиот сектор. Во последниве години, забележителен е напредокот во останатите сегменти на финансискиот сектор, т.е. појавата на нови финансиски институции (брокерски куќи, инвестициски фондови, финансиски друштва, друштва за управување со пензиски фондови итн.) и нови финансиски инструменти (државни записи, еврообврзници, корпоративни обврзници, удели во инвестициски фондови итн.). Истовремено, во поново време се засилува и трендот на поголемо интегрирање на македонските финансиски пазари во глобалните финансиски текови. Сето тоа ја наметнува потребата од студиски програми кои ќе понудат продлабочени знаења за карактеристиките на финансиските инструменти и за функционирањето на финансиските пазари и институции.

Студиската програма по Финансии обезбедува создавање компетентни кадри кои ќе бидат оспособени да одговорат на барањата на финансиските институции од приватниот  и од јавниот сектор. Во тој поглед, искуството покажува дека постои силно изразена и перманентна побарувачка за специјализирани кадри од областа на финансиите, кои релативно лесно наоѓаат вработување во повеќе финансиски институции, како што се: банките, инвестициските фондови, брокерските куќи, како и во соодветни државни институции (министерството за финансии, централната банка, банката за поддршка на развојот, агенцијата за супервизија на осигурителните друштва итн.).

Според кадровската профилираност, дипломираните студенти на оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и практична примена на: анализа на поединечните видови хартии од вредност и на портфолијата од хартии од вредност; примена на одделни стратегии за тргување со хартии од вредност, анализа на финансиските извештаи на претпријатијата, оцена на инвестициските проекти на претпријатијата, анализа на спојувањата и преземањата на претпријатијата, раководење со ликвидносниот ризик на претпријатијата и на финансиските институции, мерење и раководење со пазарниот ризик на финансиските институции, мерење, анализа и раководење со кредитниот ризик на финансиските институции, раководење со средствата на небанкарските финансиски институции, изработка на даночни анализи, подготовка и анализа на буџетите на централната и на локалната власт, финансирање на меѓународната трговија итн. 

Водичот за студирање во 2019/20 година може да го симнете на следниот ЛИНК

Водичот за студирање во 2017/18 година може да го симнете на следниот ЛИНК

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.