Департман Е-бизнис

Прв циклус студии · Економски факултет – Скопје

Раководство на департманот

За студиската програма

Цел на студиската програма е да овозможи создавање на високообразован кадар кој ќе ги има усвоено современите принципи на работење преку дисциплини кои ќе им овозможат на студентите да се здобијат со знаење и практични вештини за работа со технологии кои ја поддржуваат имплементацијата на електронскиот бизнис во компаниите, како и знаења и вештини кои ќе им овозможат на студентите вклучување во процесите на дигитална трансформација на современите бизниси и организации, како и општеството во целина. Поконкретно, преку соодветните дисциплини во студиската програма по Е-бизнис, внимателно дизајнирани да одговорат на потребите на бизнис окружувањето и следејќи ги светските трендови и практики, студентите ќе стекнат знаење и вештини за основите на е-бизнисот и дигиталната економија, дигитализација на каналите на продажба, односно е-комерција, дигитални иновации, дигиталниот маркетинг, виралниот маркетинг и маркетингот преку социјални медиуми, знаења од областа на бизнис информациските системи, системите за деловно работење, менаџментот на информациско-комуникациските технологии (ИКТ), мрежните пазари и конкуренцијата, менаџмент и автоматизација на бизнис процесите, дигитализација и унапредување на односите со купувачите преку современи дигитални алатки односно нови начини на вмрежување на потрошувачите и организациите, дигитализација на односите со добавувачите и синџирите на снабдување, дизајнирање на информациски системи, дизајн и развој на веб, програмирање на бизнис апликации, бази на податоци, управување односно аналитика на бизнис податоци и сл.