Департман Економија

Прв циклус студии · Економски факултет – Скопје

Раководство на департманот

За студиската програма

Целта на студиската програма е да оформи профил на современ дипломиран економист, кој ќе поседува знаења од микроекономската и макроекономската теорија и способности за микроекономска и макроекономска анализа. Современите пазарни економии бараат продлабочени знаења за објаснување на микроекономските и макроекономските појави и процеси, а водењето на економските политики на државата бара способности за емпириска економска анализа, врз база на која се формулираат макроекономските и микроекономските политики.