Пријавување на испити
Студентот треба да го пријави колоквиумот/ испитот по електронски пат во iknow согласно термините предвидени во календарот на активности.
Пријавување за завршен испит (втор колоквиум/испит) (on-line)
- 19.4.2026 – 26.4.2026 – пријавување за колоквиум
- 3.5.2026 – 10.5.2026 – пријавување за испит
Доколку испитот е електронски пријавен, студентот е должен на денот на полагање да достави и пријавен лист во материјална форма . На полагањето на испити/колоквиуми студентите задолжително со себе носат индекс како документ за идентификација.
Завршното оценување задолжително се запишува во индексот и во пријавата.
Положен испит претставува услов да се стекне потребниот број кредити пропишан со предметната програма.