fbpx

Менаџмент во осигурување - наставна програма 2022/23

 Главна цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Менаџмент во осигурување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

 Република Северна Македонија, како земја во развој, бележи континуиран раст и зголемување на значајноста на осигурителниот во финансискиот сектор на државата. Со постепениот развој на финансискиот сектор се намалува неговата традиционална банкоцентричност, при што осигурителните друштва доаѓаат до особен израз. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на менаџмент во осигурување, која ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од овие области во рамките на организациските науки и управувањето. Паралелно се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените политики и реформи во осигурувањето, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување. Финансиската криза покажа дека осигурителниот сектор не е имун на турбуленции, па неговото внимателно менаџирање и супервизија се појавува како клучно прашање. Растечката финансиска интеграција во економиите нужно го наметнува прашањето на реформи, солвентност и управување со ризиците, за што студиумот нуди адекватен одговор.

 Студиумот по Менаџмент во осигурување е внимателно структуриран и дизајниран да одговори на образовните и реалните проблеми во областа на осигурувањето и менаџирањето на осигурителните друштва. Тој е адекватен за сите кандидати кои имаат за интерес да се ангажираат и унапредуваат како дел од врвниот менаџмент на осигурителните компании, вработени во осигурителни компании или пак како осигурителни брокери. Дополнително, студиската програма по Менаџмент во осигурување отвара можности за профилирање на кандидатите во доменот на животното и неживотното осигурување, актуарството, управувањето со ризиците во осигурителните компании, финансиска анализа и процена, управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва, креирање и имплементација на стратегии и стратешки приоритети, корпоративното управување, бизнис етиката, бизнис аналитиката и електронските бизнис модели кои се применуваат во осигурителната дејност. Специфичните задачи на студиската програма се: оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање на лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности на менаџерите за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во превземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансисиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.

 

 Предметните програми на оваа студиска програма се во линија со динамичната бизнис клима и предизвиците и можностите кои ги нуди осигурувањето. Посебен акцент е ставен на развивањето и унапредувањето на способностите за тимска работа, на аналитичката способност, на способноста за донесување одлуки, способноста за лидерство и комуникација, но воедно и за независна идентификација на своите лични потреби, интереси и професионален развој.

 

 Целината од знаење која ја нуди студиската програма по Менаџмент во осигурување ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во осигурителните друштва како:  

 

  • Главни извршни и оперативни менаџери
  • Неизвршни менаџери во Одборите на директори
  • Секторски и регионални менаџери
  • Менаџери на друштва за застапување и осигурително брокерски друштва
  • Менаџери на линиско ниво на менаџмент
  • Стратегиски и бизнис аналитичари и планери
  • Застапници и брокери во продажната мрежа
  • Вработени во супервизорско-регулаторни институции
  • Менаџери и агенти во системот на капитално-финансирано пензиско осигурување
  • Стручен кадар, советници и соработници на неменаџерски позиции

 По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од областа на менаџментот во осигурувањето.

Код на предметотНазив на
наставниот предмет
СеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
ПВ
ПРВ СЕМЕСТАР
МО502Осигурување: Теорија и практика Прв24166
МО503Економија за менаџери Прв24166
Изборен предмет од Економски факултет*Прв24166
Изборен предмет од Економски факултет*Прв24166
966424
ВТОР СЕМЕСТАР
МО501Осигурителен менаџментВтор24166
МО507Е-бизнис модели во осигурувањеВтор24166
Изборен предмет од Економски факултет*Втор24166
Магистерски труд18
724836

Линк до Менаџмент во осигурување – студиска програма 2017/2018

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.