fbpx

Размена на студенти

WHAT should I know to start the application process?

Welcome Guide available on the following LINK

WHO should I contact from Faculty of Economics – Skopje, UKIM?

Faculty of Economics International Office Contacts

WHERE can I find and download all the necessary documents?

The following documents and templates

  • Student Application Form (template available)
  • Learning Agreement (template available)
  • Europass CV (template available)

are available on the following LINK

Plus the following documents

  • Transcript of Records (issued by your home university/faculty)
  • Language Certificate (English – Minimum recommended level – B1, issued by certified language testing center/school)
  • Recommendation Letter (optional)

HOW do I get my Learning agreement completed?

Step 1: From the FE web site, under STUDIES select your field of interest and choose subjects;
Step 2: Contact FE’s IRO (Ms. Marijana Cvetkovska, MSc, e-mail: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk) to check if your choice of subjects is available at the semester you are applying for (autumn or spring).
Step 3: After getting an approval about the selected subjects, fill in the Learning agreement, have it signed and sealed on behalf of your Faculty’s Erasmus Coordinator and yourself and send it to FE’s IRO (Ms. Marijana Cvetkovska) for further signature and sealing on our behalf.
Step 4: LA signed and sealed on behalf of the three parties (you-the student, home university/faculty Erasmus Coordinator and host university/faculty Erasmus Coordinator) is a valid document for further usage.

WHEN do I send all the application documents?

After completing all the application documents send them attached to international@ukim.edu.mk by the deadline notified in the Call.
With this the application procedure is over.

WHO do I get confirmation about my acceptance from?

After receiving your application, the UKIM’s IRO informs the Faculty of Economics – Skopje about your nomination, and sends all the documents to us.
Faculty of Economics – Skopje officially decides upon your acceptance and produces official Letter of Acceptance which is sent to UKIM’s IRO as an information.
Finally, UKIM’s IRO officially informs you about your acceptance as Incoming Exchange Student at UKIM, Faculty of Economics – Skopje within Erasmus+ Programme, and sends you all the important data about your arrival and also informs Faculty of Economics – Skopje about the date of your arrival so that Faculty of Economics – Skopje could have an insight as your host faculty.

ШТО треба да знам за да го започнам процесот на аплицирање?
Економскиот факултет-Скопје има дефинирани и утврдени процедури за мобилност на студенти достапни на следниот линк Процедури за мобилност

КАДЕ можам да одам на ЕРАЗМУС+ РАЗМЕНА?
Може да се замине на размена само на Универзитет/Факултет кој има склучено Интер-институционален Еразмус+ договор со Економскиот факултет-Скопје, УКИМ.
Листата на Универзитети/Факултети е достапна на следниот LINK

КОГО да го контактирам од Економскиот факултет-Скопје, УКИМ?

Канцеларијата за меѓународна соработка на Економскиот факултет-Скопје:

м-р Маријана Цветковска (Советник за меѓународна соработка)
e-mail: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk

проф. д-р Сашо Ќосев (Еразмус координатор) e-mail: skosev@eccf.ukim.edu.mk

проф. д-р Мијалче Санта (Продекан за наука и меѓународна соработка)
e-mail: mijalche.santa@eccf.ukim.edu.mk

КАДЕ да ги најдам и да ги „симнам“ сите потребни документи?

Следните документи

  • Student Application Form (Студентска пријава – урнек)
  • Learning Agreement (Договор за учење-урнек)
  • Europass CV (Куса биографија – урнек)

се достапни на следниот LINK

Следните докуменити

  • Transcript of Records (Уверение за положени испити го издава Економскиот факултет Скопје)
  • Language Certificate (Потврда за познавање на јазик-Англиски јазик – минимум прифатливо ниво  – B1, издадена од сертифициран тестирачки јазичен центар/училиште)
  • Recommendation Letter (Препоракапо избор)

КАКО да го пополнам документот Договорот за учење (Learning agreement)?
Центарот за кариера (ЦК) на сите заинтересирани кандидати им дава поддршка во процесот на правилно собирање на соодветната документација и пополнување на Договорот за учење (во оригинал Learning Agreement).

Договорот за учење е документ во кој студентите ги наведуваат предметите од листата на универзитетот-домаќин кои ги избрале за да ги слушаат во рамки на мобилноста. За секој предмет наведен во Договорот за учење студентот треба до ЦК да достави потврда за компатибилност на избраниот предмет од предметниот професор кој на матичниот факултет (ЕФ) го предава истиот предмет. Потврда за компатибилност предемтниот професор дава ставајќи свој потпис на оригиналната содржина на избраниот предмет кој студентот ја превземал од веб страната на универзитетот-домаќин.

ЦК води досие за секој студент кој пополнил Договор за учење, кој е потпишан од Еразмус координаторот на матичниот факултет и од одговорното лице од УКИМ. Освен Договорот за учење, досието ги содржи и документите кои се потребни за правилно пријавување во рамки на Програмите. Досието се води за потребите на евидентирање на издадените Договори за учење, кои по завршување на мобилноста се валиден документ за признавање на избраните предмети, кои успешно се положени во текот на мобилноста.

КОГА ги поднесувам сите документи т.е кога аплицирам?

Откако ќе се соберат сите потребни документи, истите се поднесуваат во Канцеларијата за меѓународна соработка на Економскиот факултет-Скопје, најдоцна до крајниот рок наведен во Повикот. Со ова , процедурата за аплицирање е завршена.

ОД КОГО добивам информација – одговор за тоа дали е прифатена или одбиена мојата апликација?

Откако ќе ја прими апликацијата на студентот, Економскиот факултет-Скопје, преку својата Канцеларија за меѓународна соработка изготвува список на студенти-апликанти кои ги номинира до Одделението за меѓународна соработка на УКИМ, доставувајќи ранг листа и документите на номинираните студенти во прилог на истата.  УКИМ официјално одлучува за прифаќање или одбивање на номинациите. Прифатените апликации понатаму се номинираат од страна на УКИМ до целните факултетот/универзитети избрани од страна на студентот.

На крај, универзитетот/факултетот домаќин официјално го информира студентот за прифаќање на апликацијата за студент на размена во рамки на Еразмус+ програмата и продолжува да контактира со студентот за заокружување на целата процедура (сместување, заминување и сл.)

КАКО ми се признаваат испитите положени за време на мобилноста?

По завршување на периодот на мобилност, а со цел признавање на положените испити, студентот до Факултетот доставува:

  • Moлба за признавање на испитите
  • Уверение за положени испити (Transcript of Records), издадено од универзитетот-домаќин, кое универзитетот-домаќин го испраќа до Факултетот, и
  • Договорот за учење потпишан и од двете страни, универзитетот-домаќин и матичниот факултет.

Комисијата за признавање на испити донесува Предлог заклучок за нивно признавање кое го потврдува Деканот со издавање на Решение. Испитите на студентот му се признаваат со износот на ЕКТС кредити на предметот во рамките на матичниот факултет.

Студентите кои остваруваат мобилност во рамки на факултетот, се под директна надлежност на Одделението за меѓународна соработка на УКИМ, а добиваат поддршка од Канцеларијата за меѓунаордна соработка на Економсиот факултет-Скопје во насока на полесно комуницирање со професорите-ментори, користење на ресурсите на Факултетот (библиотека, интернет центар и сл.) како и обезбедување на потребните документи (Уверение за положени испити-Transcript of Records) по завршување на мобилноста.

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.