fbpx

Почесни професори и доктори

Проф. Романо Проди е промовиран за почесен професор на економски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 21 февруари 2003 година, во знак на неговиот придонес во развојот на економската наука и соработката со Универзитетот, како и за неговите државнички заложби за афирмација на европските демократски процеси, просперитет и мир во регионот и во Република Македонија.

Проф. Романо Проди својата академска кариера ја развил на Универзитот во Болоња, а предавал и на Универзитетот во Тренто и како визитинг-професор на Универзитетот „Харвард“. Тој беше еден од најуспешните премиери на Италија. Во 1999 година, Советот на Европа го назначи проф. Проди за претседател на Европската комисија во Брисел.

Проф. Џозеф Брејда е промовиран во звањето почесен професор на економски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 27 април 2007 година. Како истакнат професор на Државниот универзитет во Аризона, САД, тој даде посебен придонес непосредно учествувајќи како визитинг – професор во наставната работа и во научноистражувачката дејност на Економскиот факултет.

 

 

Проф. Исак Адиџес е промовиран во титулата почесен доктор на економски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 2 декември 2005 година во знак на признание за неговиот придонес во развојот на научната мисла од областа на менаџментот, а особено за неговата соработка со научните институции во Република Македонија, како и за неговиот придонес во развивањето и во унапредувањето на македонското стопанство.

Проф. Адиџес е еден од водечките светски експерти во областа на подобрувањето на перформансите на бизнисот. Тој е основач и директор на Адиџес-институтот со седиште во Калифорнија, САД и во 14 други земји. Работи и како вонреден професор по менаџмент на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.