fbpx

Банкарски менаџмент

Наслов на наставниот предмет

Банкарски менаџмент

Код

 Fin 410

Наставник

Проф. д-р Елена Наумовска

Цели на предметната програма (компетенции):

 Целта на предметната програма по Банкарски менаџмент е на студентот да му се испорача знаење од областа на банкарскиот менаџмент и посебни вештини за спроведување на тоа знаење во практика. За да се постигнат овие цели, програмата за учење поминува низ теоретските аспекти на банкарскиот менаџмент, а потоа, се фокусира на нејзиното практично спроведување.

Со учење на основите од оваа програма, студентите можат:

• Да научат за дефинирањето на основните поими, значењата и содржините на банкарскиот манаџмент;

• Да ги анализираат банкарските перформанси, преку анализа на финансиските извештаи на банката (биланс на состојба, биланс на успех).

• Да извршуваат кредитни, депозитни и вонбилансни активности на банката (кредитни процедури, инвестиции во акции, мобилизација на депозити, итн.).

• Да ги совладаат основните алатки за кредитна анализа;

• Да употребуваат современи методи и техники во банкарскиот менаџмент (методи за вреднување на кредити и депозити, методи за управување со ликвидност, инвестициски стратегии во хартии од вредност)

• Да се стекнат со знаење за најважните банкарски ризици.

• Да се запознаат со принципите на меѓународната регулатива во однос на адекватност на капиталот.

Содржина на предметната програма: 

Оваа предметна програма е насочена кон основните аспекти на управување на комерцијалните банки. Прво, се разработуваат основните компоненти за дизајнирање и спроведување стратегии за развој на банките. Потоа, се воведува нов пристап за управување со банките, а тоа е управување со ликвидноста. Потоа се разработуваат некои методи за анализа и проценка на финансиските перформанси на банките: ликвидност, солвентност и профитабилност. Посебно внимание се посветува на важните ризици од управувањето со банката и нивното мерење: кредитен ризик, каматен ризик, валутен ризик, пазарен ризик и ризик од вонбиласни позиции. Поконкретно оваа предметна програма се фокусира кон: финансиски извештаи, модели на оценување на резултатите од работењето, основни видови ризици и мерење на ризиците, кредитен процес и кредитна политика, кредитна анализа, видови кредити, управување со ликвидноста, инвестирање во хартии од вредност, извори на средствата, управување со средствата и обврските, капитал и регулација на капиталот, вонбилансни активности и финансиски услуги и меѓународно банкарство.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.