fbpx

Глобалната економија и економските системи

Наслов на наставниот предмет

Глобалната економија и економските системи

Код

ECN 430

Наставник

Проф. д-р Трајко Славески

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

  • Да ги разликуваат значајните карактеристики и механизми на функционирање на современите економски системи,
  • Да владеат со аналитичката апаратура за евалуација на економските системи и успешноста на остварување на главните цели на истите,
  • Да владеат со современата методологија за избор на оптимален економски систем,
  • Да ги мерат предностите и недостатоците од влијанието на глобализацијата врз економските системи.

Содржина на предметната програма:

Предметот ги дава фундаменталните основи на современиот економски систем компарирајќи ги доминирачките форми на капиталистичките економски системи.Со оглед на доминантната позиција на неолиберализмот се зацврстува пазарниот механизам на функционирање како носечка карактеристика на современиот економски систем и оттука носечки дел во предметот е компарацијата меѓу појавните форми на капиталистичкиот економски систем (Американски пазарен, Еврокапитализам, Источно – азиски). Во тој контекст се фрла светло на растежот и падот на социјализмот градењето на пазарна економија како и на трансформацијата на економските системи на заемјите во развој. Со оглед на глобалните промени во современата светска економија на крајот се врши анализа на глобализацијата и нејзиното влијание врз функционирањето и обликувањето на современите економски системи.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.