fbpx

Демографија

Име на предметот

Демографија

Шифра

 MST 240

Професор

Проф. д-р Марија Трпкова-Несторовска

Цели на предметот (компетенции):

Преку наставната содржина на предметот ќе се настојува да им се помогне на студентите во подоброто спознавање на сите прашања и проблеми поврзани со населението (популацијата) како што се природното движење (наталитет и морталитет), миграциите, структурата и проекциите на популацијата на земјата и сл. На тој начин студентите ќе добијат јасна претстава за значењето на населението преку неговата дихотомна функција (производна и потрошувачка). Истовремено тие ќе можат подобро да го разберат демографскиот развој и неговата поврзаност и присутноста на повратна спрега со економскиот развој на една земја или регион.

Клучни зборови: Население, наталитет, морталитет, миграции, популациона политика

Цели на наставата:

·         Преку следење на демографските трендови на популацијата студентите ќе стекнуваат знаење за интеракциското влијание помеѓу демографскиот и економскиот развој на земјата.

·         На тој начин ќе ги откриваат и експлицираат поважните структурни промени и контингенти на популацијата (предшколски, школски, фертилен и работоспособен контингент).

·         Студентите преку стекнатите знаења од предметот ќе можат да го следат растот на наеселението (вкупно и по одделните негови структури), како и да вршат негови проекции за идниот период.

·         На тој начин тие стануваат способни за водење на конзистентна, единствена и диференцирана популациона политика во нашата земја.

Содржина: 
  • Вовед
  • Населението и неговите промени
  • Популациски пораст и опаѓање
  • Витални процеси
  • Миграциони процеси
  • Структура на населението
  • Проекции на популацијата
  • Популациона политика

Литература:

Основна литература

1. Проф. д-р Славе Ристески, Демографија – методи и анализа, второ дополнето и изменето издание, Скопје, 2014.
2. Њуболд, Пол, Карлсон Вилијам и Торн, Бети: Статистика за бизнис и економија, преведена на македонски јазик,         
    Министерство за образование на РМ.

Поширока литература

1. Alica Wertheimer-Baletić, Stanovništvo i razvoj, Nakladnička kuća MATE, Zagreb, 1999.
2. Donald T. Rowland (2003), Demographic methods and concepts, Oxford University Press,New York.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.