fbpx

Економија на трудот

Наслов на наставниот предмет

Економија на трудот

Код

ECN 260

Наставник

проф. д-р Предраг Трпески

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

·       усвoјат аналитичката рамка на економијата на трудот и одредниците како дисциплина, одделните пристапи и практичните економски и социјални импликации;

·       разберат детерминантите на понудата на труд, индивидуална, секторска и агрегатна;

·       разгледаат детерминантите на трудот, населението и алокацијата на времето;

·       совладаат концептите на инвестиции во човечки капитал;

·       разберат детерминантите на побарувачката за труд- кусорочна при различни пазарни структури (состојби на конкурентност);

·       совладаат доминантните концепти на фукнкционирањето на пазарот на труд-

·       конкурентни структури, врамнотежување.

·       разберат импликациите од синдикалното организирање врз пазарот на труд и ефикасноста;

·       разберат агрегатните аспекти на побарувачката, платите и инфлацијата ;

·       разберат принципите на регулација на пазарот на труд, државата, законодавството и регулацијата;

·       совладаат доминантните теоретски пристапи во објаснувањето на невработеноста.

·       совладаат концептуалните рамки на одделните пристапи и политики на вработеноста и политиките за решавање на проблемот на невработеноста; импликациите од одделните политики на кус и долг рок;

·       анализираат актуелната состојба на пазарот на рaботна сила во Република Македонија

Содржина на предметната програма:

Економијата на труд е подрачје што станува клучна компонента на јадрото на аналитичката економија. Ефикасноста на трудот како ресурс во поширока смисла директно ја детерминира продуктивноста и конкурентноста на одделните индустрии или на националните економии на меѓународните пазари. Од друга страна, невработеноста станува еден од централните економски и социјални проблеми на соврeмените економии. Курсот по

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.