fbpx

Квантитативни методи во финансии

Наслов на наставниот предмет

Квантитативни методи во финансии

Код

MST 320

Наставник

Доц. д-р Драган Тевдовски

Цели на предметната програма (компетенции):

Позавршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да

бидат способни:

·       да ги разбираат теоретските основи на статистичките и квантитативните методи во финансиите.

·       да  користат  статистички  програми  (SPSS,  SAS)  во  решавање  на  реални проблеми.

·       Да го користат математичкиот програм  MATLAB во решавање на реални проблеми.

Содржина на предметната програма:

Целта на предметот е да ги оспособи студентите да користат статистички и квантитативни методи и да решаваат проблеми во финансиите со помош на современи програмски пакети. Се користат статистичките програми SPSS и SAS и математичкиот програм MATLAB. Користењето на статистички и квантитативни методи се повеќе добива на значење во финансиската и економската анализа. Квантитативната анализа на податоците често се користи како водич во предвидувањето и при донесување на инвестициоски одлуки. Поради тоа од особена важност е студентите да се стекнатсокритично знаење за најкористените статистички и квантитативни методи во финансиите. Стекнатите знаења во предметот ќе овозможат предност на студентите кои сакаат да севработат во финансискиот сектор и ќе претставуваат одлична основа за изведувања на истражувања на постипломски и докторскистудии. • Содржината на предметната програма е следната: (1) Финансиска аритметика и вреднување на акции и обврзници; (2) Статистички концепти и приноси на хартии од вредност; (3) Концепти на веројатност и поважни распореди на веројатност; (4) Статистичко заклучување; (5) Корелациона и регресиона анализа; (6) Анализа на средина – варијанса; (7) Повеќефакторски модели; и (8) Техничка анализа.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.