fbpx

Лични финансии

Наслов на наставниот предмет

Лични финансии

Код

FIN 330

Наставник

Проф. д-р Кирил Јовановски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

·       Да се оспособат студентите за донесување правилни одлуки во однос на изборот на кариерата и потенцијалот за идна заработувачка;

·       Да се оспособат за планирање и управување со личниот и  семејниот буџет;

·       Да стекнат знаења за личните финансии, концептот на расположливиот доход и инфлацијата;

·       Да  се  оспособат  за  евалуција  на  даноците,  разбирање  на  даночните постапки и плаќањето на даночната обврска;

·       Да можат да донесуваат правилни одлуки во однос на изборот помеѓу потрошувачката и штедењето;

·       Да  ја  разберат  потребата  од  штедење  и  да  можат  да  ги  евалуираат различните форми на штедење;

·       Да стекнат знаења за финансиските ризици и да можат да ги евалуираат различните видови финансиски инвестиции;

·       Да можат да го пресметаат трошокот од задолжувањето и да се оспособат за управување со личниот долг; итн.

Содржина на предметната програма:

Предметот  Лични  финансии ќе ги запознае студентите со значењето на финансиското планирање и управувањето со личниот и семејниот финансиски буџет и ќе ги научи како по завршувањето на студиите да си обезбедат финансиска сигурност за себе и за своето семејството. Студентите по овој предмет ќе изучуваат реални теми кои ќе ги засегаат во иднина, како што се: изборот на кариера и потенцијалот за заработување, планирањето на домашниот буџет и управувањето со личните финансии, изборот помеѓу потрошувачката и штедењето, различните форми на инвестирање и задолжување, личен финансиски менаџмет, биехјвиористичи пристап во лините финансии, и сл.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.