Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да: - ги разликуваат локалните од националните јавни добра и услуги;
- пресметуваат оптимална локална понуда на добра и услуги;
- разберат како се определува цената на локалните добра и услуги;
- ги објаснат целите на фискалната децентрализација и нејзините придобивки;
- ја идентификуваат улогата на локалните власти во економијата;
- ги евалуираат алтернативните начини на финансирање на локалните власти;
- ги анализираат ефектите од дотациите и фискалната еквилизација;
- дискутираат на теми поврзани со децентрализацијата во Р. Македонија;
- ги анализираат буџетите на единиците на локалната самоуправа во Р. Македонија.
|