fbpx

Менаџмент на малиот бизнис

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на малиот бизнис

Код

MGT 230

Наставник

Доц.д-р Александра Јанеска –Илиев

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на предметната програма Менаџмент на малиот бизнис е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на управувањето со малите претпријатија и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на менаџментот на малиот бизнис, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • Да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџм ентот на малиот бизнис во Македонија, ЕУ и САД;
  • Да ги применуваат стекнатите знаења за франшизата;
  • Да развијат способност за проценка на улогата на малиот бизнис во економијатаниз економски индикатори;
  • Да го применат знаењето и разбирањето на предностите и слабостите на различните начини на започнување со сопствен бизнис;
  • Да го применат знаењето и разбирањето при определување на елементите на содржината на бизнис планотна малото претпријатие и неговата изработка;
  • Да   развијат   способност за утврдување на разликите помеѓу сопственик/менаџер и претприемач на мало претпријатие.

Содржина на предметната програма:

  1. Малиот бизнис и економијата
  2. Приоди на започнување со мало претпријатие
  3. Планирање во мало претпријатие
  4. Организација на мало претпријатие
  5. Успеси и неуспеси на малиот бизнис
  6. Општествена одговорност ,етика и малите претпријатија
  7. Претприемништво и малите претпријатија
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.