fbpx

Менаџмент на перформанси

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на перформанси

Код

MGT 460

Наставник

Проф. д-р Љупчо Ефтимов, вонреден професор

Цели на предметната програма (компетенции):

 По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Да демонстрираат критичка свесност за најновите истражувања од областа на управувањето на перформансите
  • Да ги идентификуваат користите од управувањето на организациските перформанси за вработените, менаџерите и за самата организација
  • Да ги преведат организациските стратегии во конкретни индикатори за мерење на организациските перформанси
  • Да дизајнираат ефикасен систем за управување на организациските перформанси и да ги утврдат чекорите за негово успешно имплементирање
  • Да спроведат самостојно истражување за различните аспекти на организациските перформанси во реален бизнис контекст
  • Да применат широка лепеза на практични вештини за планирање, управување, мерење и ревизија на организациските перформанси
  • Да изнајдат практични решенија и да иницираат соодветни мерки за унапредување на организациските перформанси

Содржина на предметната програма: 

 ГЛАВА 1. КОНЦЕПТОТ НА МЕРЕЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ

1.1    Дефинирање на мерењето на организациските перформанси

1.2    Важноста на мерењето на организациските перформанси

1.3    Примената на мерењето на организациските перформанси во практиката

1.4    Придобивките од мерењето на организациските перформанси

 ГЛАВА 2. ПОГЛЕДОТ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НИЗ ПРИЗМАТА НА РАЗЛИЧНИТЕ ДЕЛОВНИ ФУНКЦИИ

2.1    Мерењето на перформансите од финансиски аспект

2.2    Мерењето на перформансите од аспект на менаџментот на човечки ресурси

2.3    Мерењето на перформансите  од маркетинг аспект

2.4    Мерењето на перформансите  од производствен аспект

ГЛАВА 3. СОВРЕМЕНОТО НАСПРОТИ ТРАДИЦИОНАЛНОТО СЛЕДЕЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ

3.1    Мерењето на перформансите во минатото

3.1.1 Мерењето на организациските перформанси до 1980 година

3.1.2 Мерењето на организациските перформанси од 1980 до 2000 година

3.2    Критики за традиционалните финансиски мерки и индикатори на организациските перформанси

3.3    Неопходноста од дополнување на традиционалните мерки и индикатори на организациските перформанси со нови-нефинансиски мерки

3.4    Поврзување на различните поединечни мерки во системи за мерење на организациските перформанси

ГЛАВА 4. МЕНАЏМЕНТ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ

4.1    Суштината на менаџментот на организациските перформанси

4.2    Процесот на управување со организациските перформанси

4.3    Користите од успешниот менаџмент на организациските перформанси

ГЛАВА 5. СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ

5.1    Основни карактеристики на успешен систем за управувањето на организациските перформанси

5.2    Принципи за дизајнирање на успешен систем за управувањето со организациските перформанси

5.3    Процес на дизајнирање на систем за управување на организациските перформанси

5.4    Имплементација на систем за управување на организациските перформанси

ГЛАВА 6. ДОМИНАНТНИ КОНЦЕПТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ ВО ПРАКТИКАТА

6.1    Матрица за мерење на перформансите (Performance Measurement Matrix)

6.2    Пирамида на перформанси (Performance Pyramid)

6.3    Систем на резултати-детерминанти (Results-Determinants Framework)

6.4    Призма на перформансите (Performance Prism)

6.5    Систем на урамнотежени индикатори (Balanced Scorecard)

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.