fbpx

Менаџмент на ризик

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на ризик

Код

MGT 380

Наставник

Доц. д-р Александар Наумоски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овојпредмет,студентите треба да

бидат способни:

·       идентификуваат и категоризираат различни извори на ризик (пазарен, кредитен, оперативен);

·       да дизајнираат процес на управување со ризици;

·       да го разберат местото и улогата на департманот за управување со ризици во организациската структура на претпријатието и улогата на менаџерот со ризици;

·       да го разберат значењето кое менаџментот со ризиците го има за акционерите и другите стеикхолдери

·       да  постават линкот помеѓу корпоративното управување и управувањето со ризицит е;

·       да  научат  како да носат најдобри деловни одлуки, каде што се остварува највисок прино с за нивото на превземениот ризик

·       извршат мерење и процена на ризикот со примена на соодветни техники и модели (VaR, сцен арио анализа, стрес тест и тн.)

·       да применуваат деривативни инструменти како начин за справување со ризици (каматни, валутни, кредитни итн.)

·       да аплицираат интегрирано управување со ризици.

Содржина на предметната програма:

Предметот  е насочен да ги опфати начините на кои се врши квантификација и управување со различните извори на ризик од страна на корпорациите. Фокусот е институциите од финансискиот сектор, а посебен осврт е даден на нефинансиските компании. Со тоа предметот го опфаќа широкиот пристап за управување со ризиците во претпријатието односно ―интегрираното управување со ризиците‖ – новиот менаџерски пристап во управувањето со ризиците. Помеѓу насловите кои се покриени со материјата посебна тежина им се дава на пазарниот, кредитниот и оперативниот ризик. Студентите ќе го совладаат техниките за мерење на различните видови ризици, за процена на изложеноста на ризик и избор на најсоодветен пристапза третман на ризикот. Тука посебно ќе биде даден фокус на примена на деривативните инструменти за справување со каматниот, валутниот, кредитниот ризик.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.