fbpx

Меѓународна економија

Наслов на наставниот предмет

Меѓународна економија

Код

 INT 210

Наставник

Проф. д-р Ирена Кикеркова

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба:

  • Да ги разберат предностите од слободната меѓународна трговска размена и да ги знаат разликите меѓу класичните и современите трговски концепции што се залагаат за неа;
  • Да ги знаат основните интервенционистички инструменти за да можат да ги анализираат сличностите и разликите меѓу нив;
  • Да  ја  разберат  разликата меѓу Бретонвудскиот и современиот монетарен систем, како и улогата на меѓународните финансиски институции во светот;
  • Да  ги  разберат  основните карактеристики на меѓународните финансиски текови и на основните сегменти на пазарот на капитал;
  • Да  бидат  способни  да ги анализираат основните ставки на билансот на плаќањата на земјите, да ги утврдуваат изворите на фактичката нерамнотежа во него и да ги познаваат слабостите од примената на одредени теоретски концепции за негово враќање во рамнотежа.

Содржина на предметната програма: 

Меѓународна економија им припаѓа на фундаменталните економски дисциплини. Од неа потекнуваат повеќе економски науки кои третираат потесни научни области од полето на економијата. Овој предмет има за задача да им овозможи на студентите да го состават мозаикот на сликата на современиот свет и карактеристиките на економските односи што владеат во него. За таа цел материјата што ја покрива овој предмет е поделена во неколку основни поглавја и тоа: основните теории на меѓународната трговија, кои треба да помогнат во разбирањето на начинот на кој секоја национална економија го наоѓа своето место во меѓународната поделба на трудот; видовите трговски политики и нивните инструменти, аргументите за и против нивното воведување и значењето и улогата на меѓународната трговска регулатива; карактеристиките на современите економски текови во меѓународната економија; карактеристиките на современиот меѓународен монетарен систем; пазарот на капитал; билансот на плаќањата и предизвиците наметнати од процесот на глобализација.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.