fbpx

Меѓународни организации и интеграции

Наслов на наставниот предмет

Меѓународни организации и интеграции

Код

 INT 22о

Наставник

Доц. д-р Eлена Макревска Дисоска

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на предметната програма Меѓународни организации и интеграции е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на меѓународните економски односи и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • Појмовно да ги разграничат интеграцијата и меѓузависноста и критички да ја оценат улогата на меѓ ународните организации и интеграции;
  • Да ги побараат цената и бенефициите од глобализацијата (посебно за малите земји), а во таа смисла посебно и потребата од менување на надлежностите на одделни меѓународни организации и интеграции;
  • Да  го  разберат основниот кодекс на однесување на меѓународните организации и интеграции, а тоа е почитувањето на институционалната рамка на секоја организација;
  • Користејки ги комуникациските вештини, да ги идентификуваат обврските што произлегуваат од членството во одделна меѓународна организација и интеграција и да избираат најоптимално решение;
  • Да ја оценат историската важност во донесувањето одлука за членување во одредена меѓународна организација и интеграција и да преземаат иницијативи за стекн ување понатамошни знаења и учења, со висок степен на независност.

Содржина на предметната програма: 

Предметната дисциплина Меѓународни организации и интеграции е конципирана со цел да ја прикаже институционализацијата на меѓународната заедница, т.е. заедницата на државите кои се стремат кон меѓусебни организирани односи. При тоа, интеграцијата, меѓузависноста и развојот на меѓународните организации и интеграции се анализираат од призма на единство на факторите од економската, политичката, историската, културолошката и другите сфери. Предметот ја покрива и материјата за глобализацијата на меѓународните односи, институционалната мрежа на односите, меѓународното економско интегрирање, како и Европското економско интегрирање, при што Европската унија се јавува како носечки столб на европските интеграциони процеси. Посебно место завзема анализата на меѓународната организираност на Р. Северна Македонија.

 

 

 

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.