Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да стекнат: - Знаење поврзано со развојните трендови на сметководството во меѓународни рамки;
- Знаење за процесите на усогласување на сметководствената практика и факторите кои влијаат врз усогласувањето на финансиското известување;
- Знаење за сметководствените практики на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Кина и др;
- Познавање на регулативната рамка на финансиското известување во Европската унија;
- Познавање на концепциската рамка на Меѓународните стандарди за финансиско известување;
- Знаење за позначајните подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување поврзани со преведувањето на странските валути, деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, сегментираното известување, заедничките вложувања и др.
|
Содржина на предметната програма: - Развојни трендови на сметководството во меѓународни рамки;
- Позначајни обележја на сметководствените системи на некои земји (САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Германија, Јапонија, Кина);
- Облици на меѓународното финансиско известување;
- Позначајни подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување (при преведувањето на странските валути, при деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, при сегментираното известување, при заедничките вложувања и др.).
|