fbpx

Монетарна економија

Наслов на наставниот предмет

Монетарна економија

Код

FIN 220

Наставник

проф.д-р Горан Петревски

Цели на предметната програма (компетенции):

По  изучувањето  на  овој  предмет,  студентите  треба  да  располагаат  со  следните

области на знаења:

·       Совладување на основните поими од монетарната економија,

·       Запознавање со современите теоретски достигнувања од монетарната теорија,

·       Разбирање на практичните аспекти на водењето на монетарната политика,

·       Запознавање со најновата монетарна историја на Македонија (периодот по монетарнот о осамостојување).

·       Развој  на  способности за креативно и аналитичко размислување за конкретните проблеми со кои се соочуваат носителите на монетарната политик а.

Содржина на предметната програма:

Предметот Монетарна економија има за цел да ги запознае студентите со основните и најважните поими и категории од монетарната теорија и монетарната политика. Конкретно, преку изучувањето на овој предмет, студентите ќе се здобијат со продлабочени знаења за потеклото и настанувањето на парите, функциите на парите, вредноста на парите, монетарните стандарди, монетарните агрегати, и најважните современи монетарни теории. Исто така, голем дел од наставната програма по овој предмет е посветена на изучување на теоретските и практичните проблеми поврзани со монетарната политика како: цели и инструментите на монетарната политика, факторите на креирањето и повлекувањето на парите, анализата на побарувачката на парите итн. Во тие рамки, посебно внимание се посветува на стабилизационата политика во Македонија во периодот по монетарното осамостојување.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.