Содржина на предметната програма: Предметот ги запознава студентите со теоријата и функционирањето на Светската трговска организација како основа на мултилатералниот трговски систем. Содржината почнува со развојот на мултилатерализмот со старата ГАТТ спогодба и континуитетот до основањето на Светската трговска организација. Детално ќе биде разработена новата ГАТТ спогодба со нејзините 13 потспогодби. Потоа ќе бидат разработени основните аспекти на Спогодбата за трговијата со услугите и Спогодбата за трговските аспекти на правата на интелектуалната сопственост. Составен дел на предметната програма е и разработка на ефикасноста на Механизмот за решавање трговски спорови и на Механизмот за контрола на трговските политики. Посебен акцент ќе биде даден на текот и реализацијата на преговорите во рамките на Доха агендата и предизвиците со кои се соочува Светската трговска организација. |