fbpx

Основи на менаџмент

Наслов на наставниот предмет

Основи на менаџмент

Код

MGT 210

Наставник

Проф. д-р Леонид Наков;Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на предметната програма основи на менаџмент е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на менаџментот, развојот на менаџментот,улогата на менаџетрите во претпријатието, општествената одговорност на претпријатието и односот помеѓу корпоративното управување и менмаџментот,а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

·       да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот, менаџерите, функциите на менаџмент,општествената одговорност и корпоративното управување;

·       да  стекнат  критични  знаења  за  дијагноза, интеграција и евалуација на процесите и односите во извршување то на бизнисот

·       примена на знаењето и разбирањето на техничката, концепциската, коминикациската, комуникациската, аналитичката и менаџерската способност;

·       да стекне знаење за фундаменталните научни разлики помеѓу класичните и современите школи за менаџмент;

·       да развие способност за проценка на важноста на корпоративната општествена одговорност како витална функција на одборот на директори и менаџерите во нивното секојдневно работење,

·       да ја совлада терминологијата сврзана со основните функции на менаџментот; осознавање на апликативната улога на менаџментот во современиот бизнис;

·       да стекне знаења и разбирање за моќта што ја има одборот на директори во донесувањето на стратегиски и тактички деловни одлуки во претпријатието.

Содржина на предметната програма:

Менаџмент и менаџери

·       Карактерот на менаџментот

·       Глобални промени во окружувањето

·       Менаџмент процес ( планирање,организирање,координирање,мотивирање и контролирање)

·       Одлучување

·       Корпоративна општествена одговорност и етика

·       Малиот бизнис и претприемништвото

·       Корпоративно управување

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.