fbpx

Основи на сметководство

Наслов на наставниот предмет

Основи на сметководство

Код

АCC 110

Наставник

Проф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска

Проф. д-р Марина Трпеска

Предметот Основи на сметководство доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Основи на сметководство од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Ги осознаат потенцијалните корисници на сметководствените информации и основните модалитети во екстерното и интерното известување;
  • Се здобијат со задоволителни сознанија за основните принципи во сметководството и начинот на нивното имплементирање;
  • Се  запознаат со базичните финансиски извештаи, односно билансот на состојбата, биласнот на успехот и извештајите за паричните текови и информациите кои секој од нив ги нуди на потенцијалните читатели на извештаите;
  • Ги совладаат основните техники на книжење на средствата, обврските и капиталот преку примена на сметководствената равенка;
  • Се запознаат со сметководственото евидентирање на приходите и расходите, како составни компоненти на билансот на успех;

Содржина на предметната програма:

  1. Сметководство во деловното планирање;
  2. Анализирање и евидентирање на трансакции;
  3. Корективни книжења во финансиските извештаи;
  4. Комплетирање на сметководствен циклус;
  5. Сметководство за трговски организации;
  6. Залихи;
  7. Измами, интерни контроли и парични средства;
  8. Побарувања;
  9. Нетековни средства;
  10. Тековни обврски;
  11. Долгорочни обврски;
  12. Капитал.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.