fbpx

Политика на цени

Наслов на наставниот предмет

Политика на цени

Код

МКТ 330

Наставник

Вонр. проф. д-р Даниела Бојаџиева

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  •          Да ги применуваат принципите на стратегиското определување и управување со цените
  •    Да можат правилно да ги согледуваат и анализираат факторите кои влијаат врз определувањето на цените и примената на политиката на цени,
  •          Да знаат ги применуваат современите и класичните методите за пресметка и утврдување на продажните цени,
  •          Добро да ги владеат одделните стратегии и тактики на цените,
  •         Активно да учествуваат во процесот на донесување на квалитетни одлуки при формирање на цените во насока на подобрување на конкурентската предност на фирмата на пазарот.

Содржина на предметната програма:

Основниот фокус на овој предмет е проучување на стратегиите и тактики во формулирањето и концепирањето на маркетинг политиката на цени во фирмите. Цената како инструмент на маректинг миксот е единствен елемент кој остварува приход (за разлика од другите инструменти) и непосредно влијае врз производството, продажбата и успешното работење на фирмите на домашниот и на меѓународниот пазар. Оттука, во наставната програма се посветува внимание на интерните и екстерните факотори во анализата и формирање на цените на производите и услугите. Понатаму, во програмата посебно внимание се посветува на методолошките аспекти и на методите за формирање на продажните цени на производите и услугите на фимрите, стратегиите и тактиките во имплементацијата на политиката на цени како и етичките аспекти поврзани со дефинирањето и имплементацијата на политиката на цени во фирмите. Во текот на предавањата се обработуваат следниве теми:

 

    1.Вовед во маркетинг политиката на цени

    2.Принципи на стратегиско определување и управување со цените

  1. Фактори на политиката на цени
  2. Сензитивна анализа на профитот
  3. Методолошки аспекти во дефинирањето на политиката на цени
  4. Методи за опрделување на продажните цени
  5. Управување со промотивните цени
  6. Управување со попустите на цените
  7. Политка на диференцирани цени
  8. Политика на цени на нови производи
  9. Развој на ценовни структури
  10. Управување со цената во одделните фази од животниот циклус на производот
  11. Управување со цената во различни пазарни структури
  12. Етички аспекти и законски ограничувања во утврдувањето и управувањето со цени
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.