fbpx

Ревизија

Наслов на наставниот предмет

Ревизија

Код

АCC 320

Наставник

Проф. д-р Зорица Божиновска – Лазаревска

Предметот Ревизија доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Ревизија од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат спосо бни:

  • Да се запознаат со клучните аспекти на ревизијата и нејзината улога во разви ените економии;
  • Да  ја  осознаат професионалната и законската регулатива иманентна за ревизорскат а професија;
  • Да ги следат чекорите од процесот на ревизија на финансиски извештаи;
  • Да прибават и оценат достатно соодветни ревизорски докази со примена на современи ревизорски техники и манифестирање на професионален скептицизам;
  • Да  ги  интегрираат стекнатите сознанија за презентираните финансиски извештаи во из вештајот за извршена ревизија;
  • Да ги развијат способностите за професионално расудување.

Содржина на предметната програма:

  1. Поим, улога и значење на ревизијата и ревизорската професија во развиените економии;
  2. Професионална регулатива во ревизорската професија;
  3. Професионална етика во ревизорската професија;
  4. Професионална одговорност на ревизорите во откривање на измами;
  5. Планирање на процесот на ревизија;
  6. Концепти на ревизијата;
  7. Интерна контрола – КОСО рамка 2013;
  8. Ревизорски тестови и ревизорска документација;
  9. Користење на методата на примерок во ревизијата;
  10. Извештај на независниот ревизор;
  11. Ревизорската професија во Република Македонија;
  12. Професионално образование на ревизорите – Меѓународни образовни стандарди на МФС.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.