Сметководствени контролни системи

Наслов на наставниот предмет

Сметководствени контролни системи

Код

 ACC 230

Наставник

Проф. д-р Атанаско Атанасовски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да ги:

  • Разбираат основите и компонентите на ефективниот  систем на контрола
  • Применуваат техниките за сегрегација на должностите и дизајнираат ефективен сметководствен контролен систем 
  • Идентификуваат ризичните подрачја од работењето
  • Постават основите на систем за сегментирано известување и контрола преку мерење на резултатите
  • Разбираат бихејвиористичките импликации на контролниот систем

Содржина на предметната програма: 

  1. Основи на теоријата за менаџмент контроли;
  2. Бихејвиористичките аспекти на сметководствените контроли;
  3. Основни компоненти на ефективен систем на интерни контроли;
  4. Улогата на интерната контрола и менаџментот при дизајнирањето на интерните контроли;
  5. Сметководствениот систем и контроли на сметководствениот систем;
  6. Автоматизирани контролни системи во компјутерска околина;
  7. Системи за идентификување и управување со вообичаените деловни ризици;
  8. Измамите, интерните контроли и сметководството за истражување на ризици од измами и грешки;
  9. Улогата на сметководствениот контролен систем во корпоративното управување.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.