Наслов на наставниот предмет | Сметководствени контролни системи |
Код | ACC 230 |
Наставник | Проф. д-р Атанаско Атанасовски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да ги: - Разбираат основите и компонентите на ефективниот систем на контрола
- Применуваат техниките за сегрегација на должностите и дизајнираат ефективен сметководствен контролен систем
- Идентификуваат ризичните подрачја од работењето
- Постават основите на систем за сегментирано известување и контрола преку мерење на резултатите
- Разбираат бихејвиористичките импликации на контролниот систем
|
Содржина на предметната програма: - Основи на теоријата за менаџмент контроли;
- Бихејвиористичките аспекти на сметководствените контроли;
- Основни компоненти на ефективен систем на интерни контроли;
- Улогата на интерната контрола и менаџментот при дизајнирањето на интерните контроли;
- Сметководствениот систем и контроли на сметководствениот систем;
- Автоматизирани контролни системи во компјутерска околина;
- Системи за идентификување и управување со вообичаените деловни ризици;
- Измамите, интерните контроли и сметководството за истражување на ризици од измами и грешки;
- Улогата на сметководствениот контролен систем во корпоративното управување.
|