fbpx

Трговско право

Наслов на наставниот предмет

Трговско право

Код

INT 110

Наставник

Проф. д-р. Дарко Спасевски

Предметот Трговско право доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Трговско право од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ја познаваат организацијата и работата на разните форми на трговските друштва, нивните активности, права и обврски на акционерите и содружниците, стечајот и ликвидацијата на трговските друштва;
  • да ги идентификуваат основните карактеристики, битните елементи и правата и обврските кои произлегуваат од трговските договори;
  • да ја совладаат стручната, теоретската и практичната терминологија од оваа област на трговското работење која им е неопходна за натамошното следење на наставата по другите дисциплини на другите студиски години.

Содржина на предметната програма:

Наставната содржина по предметот ги опфаќа сите видови на трговски друштва, како трговски субјекти, понатаму управувањето и раководењето на трговските друштва, нивните основни белези. Посебно се обработуваат правните односи меѓу содружниците, правните односи меѓу акционерското друштво и акционерите. Учеството во други трговски друштва (поврзани друштва, друштва во сопственост на државата и друштво со учество на државата, стечај и ликвидација на трговско друштво; странско трговско друштво; други стопански субјекти, право на конкуренција; индустриска сопственост, трговски договори; хартии од вредност. Наставата по овој предмет треба да им помогне на студентите теоретски и практично да се запознаат со работата на трговските друштва без кои не може да се замисли трговското работење.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.