fbpx

Управувачко сметководство I

Наслов на наставниот предмет

Управувачко сметководство I

Код

АCC 220

Наставник

Проф. д-р Марина Трпеска

Предметот Управувачко сметководство I доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Управувачко сметководство I од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат с пособни за:

  • Да ја согледаат улогата на сметководството на трошоци во рамките на сметковод ствениот систем и пошироко;
  • Да ги определат основите за различно диференцирање на трошоците;
  • Да го анализираат односот на трошоците, обемот на производството и реализацијат а;
  • Да ги диференцираат методите на сметководствено опфаќање на трошоците;
  • Да ги сфатат предностите на сметководственото планирање и неговата ефикасна примен а во претпријатието;
  • Да ја осознаат потребата од алокација на трошоците;
  • Да ја сфатат постапката за опфаќање на трошоците по пооделните активности;
  • Да го сфатат значењето на бројни термини кои се поврзани со сметководството на трошоц ите;
  • Да ги осознаат содржините и основните разлики помеѓу апсорпциониот метод и методот по вар ијабилни трошоци.

Содржина на предметната програма:

  1. Управувачкото сметководство во рамките на сметководствениот систем;
  2. Видови на трошоци;
  3. Однесување на трошоците;
  4. Анализа на трошоците, обемот на производството и реализацијата;
  5. Релевантни информации за носење одлуки поврзани со цени;
  6. Сметководствени постапки на опфаќање на трошоците (поединечно производство, про цесно производство);
  7. Облици на алокација на трошоците;
  8. Вовед во сметководството на активности;
  9. Апсорпционен и варијабилен метод.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.