fbpx

Финансиска и актуарска математика

Наслов на наставниот предмет

Финансиска и актуарска математика

Код

MST 430

Наставник

Доц. д-р Игор Ивановски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·       Да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на конкретни и напредни математички методи и модели при решавањето на определени проблеми во финансиите

·       да користат напредни модели во долгорочните финансиски операции, пред се во банкарското работење, како и да ги спознаваат и користат практичните методи и модели неопходни во процесот на изготвување на економски и финансиски анализи и планови и донесување на економски и инвестициони одлуки.

·       Да се стекнат со базичните елементи на актуарската математика како технички елемент во осигурувањето, пред се животното, да ги разберат коинтегративните елементи на финансиската математика во животното и пензиското осигурување,

·       Бидат способни да поставуваат актуарски модели за пресметување на еднократната и повеќекратната премија за рентните осигурувања и модели за пресметување на математички резерви за одделните видови на животни осигурувања, како и да развијат квантитативно аналитичка способност за анализа и примена на моделите на животното осигурување.

Содржина на предметната програма:

Предметот овозможува осознавање на напредните математичките методи и модели, за декурзивна и антиципативна пресметка на каматата во долгорочните финансиски операции, конкретно во периодичните вложувања и периодичните примања (ренти), амортизацијата на кредитите преку варијабилни ануитети и отплати, како и комбинираните модели составени од различните комбинации на основните елементи на кредитите. Студентите ќе се запознаат со конкретните елементи на актуарската математика, и тоа со пресметката на еднократната и повеќекратната премија во неживотното и животното осигурување, и различните актуарски модели во животното осигурување, како и пресметките на техничките(математичките) резерви во животното осигурување.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.