fbpx

Финансиски пазари и институции

Наслов на наставниот предмет

Финансиски пазари и институции

Код

FIN 210

Наставник

Проф.д-р Кирил Јовановски

Цели на предметната програма(компетенции):

По изучувањето на овој предмет, студентите треба да располагаат со следните области на знаења:

Изучувањето на материјата по овој предмет треба да им овозможи на студентите да ги запознааат основните принципи на функционирањето на финансиските пазари (пазари на пари, пазари на капитал, девизни пазари, итн.) и финансиските институции (банки, осигурителни компании, пензиони фондови, инвестициони фондови, итн.) кои претставуваат извонредно важен дел од секоја национална економија, како и на светската економија во целина. Финансиските пазари и институции не само што влијаат на нашиот секојдневен живот, туку исто така се занимаваат со трансфер на големи износи на средства кои потоа влијаат на профитите на фирмите, производството на стоки и услуги и на економската благосостојба на нашата и странските економии. Во последните десетина години се случија фундаментални, револуционерни промени на финансиските пазари и институции во светски рамки. На свој начин, низ драматични промени минаа и македонските финансиски пазари и институции. Овој предмет ќе ги запознае студентите со главните насоки и содржината на тие промени. Но со оглед на тоа што e извесно дека интензитетот на промените нема да се намали во иднина, тој е фокусиран кон тоа да им обезбеди на студентите такви знаења и аналитички орудија,кои ќе им бидат потребни да ги разберат финансиските иновации што сигурно ќе се случат кога тие професионално ќе се занимаваат со финансискиот бизнис. Усвојувањето на знаењата од овој предмет претставува основа за натамошно усовршување на студентите кои очекуваат и посакуваат да се здобијат со работни места во широка група атрактивни области какви што се банкарството, финансиските институции воопшто, финансиите на корпорациите, државните институции и во мултинационал ните деловни активности.

Содржина на предметната програма:

  1. Детерминанти на каматните стапки
  2. Вовед во финансискиот систем
  3. Финансиски пазари
  4. Финансиски инструменти
  5. Финансиски институции
  6. Мерење на каматните стапки
  7. Финансиски иновации
  8. Пазар на пари
  9. Пазарен капитал
  10. Пазар на обврзници
  11. Финансиски деривати
  12. Институционална структура на финансиските пазари
  13. Комерцијални банки
  14. Други депозитни институции
  15. Управување со финансиски институции
  16. Не банкарски финансиски институции
  17. Финансиска регулатива
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.