fbpx

Менаџмент на синџирот на снабдување

 

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на синџирот на снабдување

 

Код

EBU 550

 

Наставник

Лидија Пулевска Ивановска

Целинапредметнатапрограма (компетенции):

Предметот Менаџмент на синџирот на снабдување ги анализира деловните релации кои постојат помеѓу компанијата и нејзините добавувачи, како и помеѓу компанијата и нејзините потрошувачи. Целта на предметот Менаџмент на синџирот на снабдување е да ги поврзе пазарот, дистрибутивната мрежа, производството и аутсорсингот со цел да се зголеми нивото на услугите кои им се даваат на потрошувачите и да се намалат вкупните трошоци.

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да го анализираат целиот процес на менаџментот на синџирот на снабдување, од суровини до готов производ;
  • да анализираат конкретни логистички ситуации;
  • да дијагностицираат проблеми во синџирот на снабдување и предлагаат алтернативни решенија за решавање на овие проблеми;
  • да го применуваат SCOR моделот;
  • да ги применуваат информациските технологии за интегрирање и управување со логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување.

 

Содржина на предметната програма:

Поврзаност и интеракција помеѓу логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување; Синџир на вредност, SCOR (Supply Chain Operations Reference) модел; Управување со побарувачката и понудата; Управување со производството (MRP, ERP); Аутсорсинг; Предвидување; Управување со залихи; Дистрибуција; Логистички апликации; Логистички информациски систем; e-SCM.

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.