fbpx

Ревизија

Наслов на наставниот предмет

Ревизија

Код

 513

Наставник

Проф. д-р-Зорица Божиновска Лазаревска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да ги прошират научните хоризонти и да ги продлабочат стекнатите знаења од областа на ревизијата за време на додипломските студии;
  • Да се фокусираат на подетално запознавање на професионалната регулатива во ревизорската професија (Меѓународните ревизорски стандарди на IFAC и Кодексот на етика на професионални сметководители на IFAC) и нивното имплементирање во домашната ревизорска практика;
  • Да ја развијат способностите за професионално расудување со манифестирање на потребната доза на професионален скептицизам, иманентни за ревизорите, при донесувањето на одлуки во современите ревизорски ангажмани;
  • Да се стекнат со занења кои можат да им послужат како солидна основа во подготвка на испитите за стекнување на професионални звања во доменот на ревизорската професија (овластен ревизор, овластен интерен ревизор, државен ревизор и др.);
  • Да се подготват и активно вклучат во национални и меѓународни истражувачки проекти од областа на ревизијата

Содржина на предметната програма: 

1.Поим, улога и значење на ревизијата и ревизорската професија во современите економии;

2.Професионална регулатива во ревизорската професија -ревизорски стандарди;

3.Професионална одговорност на ревизорите;

4.Планирање на процесот на ревизија;

5.Фундаментални концепти на ревизијата: материјалност, ризикот во ревизијата и доказите во ревизијата;

6.Ревизорски тестови, аналитички постапки и работна документација;

7.Интерна контрола – COSO Рамка 2013;

8.Метода на примерок во ревизијата;

9.Извештај на ревизорот;

10.Ревизорската професија во република македонија -состојби и перспективи.

11.Меѓународни образовни стандарди на IFAC.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.